Slider

Стории

Audi е бренд број еден според квалитетот, во изборот на читателите на „Ауто Билд“

Slider

Годинава вистински победник во категоријата квалитет е Audi, откако брендот од Инголштад освои дури седум први места во вкупно четиринаесет категории, а во сите преостанати категории е барем меѓу најдобрите три бренда

03/04/2020

Германскиот магазин „Ауто Билд“ и годинава ги собра импресиите на голем број свои читатели и ги прогласи најдобрите во изборот за најдобри брендови, популарно наречен „Die Besten Marken“.

Традиционално, читателите гласаат во три категории, квалитет, дизајн и однос вложено/добиено, при што брендовите се натпреваруваат според реалниот впечаток кој го оставаат меѓу купувачите.

Годинава вистински победник во категоријата квалитет е Audi, откако брендот од Инголштад освои дури седум први места во вкупно четиринаесет категории, а во сите преостанати категории е барем меѓу најдобрите три бренда.

– Квалитетот без компромиси е една од нашите најсилни страни и главно ветување преку продуктите. Тој факт останува актуелен и е препознат и од читателите на „Ауто Билд“ кои уште еднаш го потврдија квалитетот на Audi, – вели Михаел Нојмајер од Audi.

Audi освои први места со A1 (мали), А3 (компакти), А4 (средна класа), А7 (висока средна класа), А3 Cabrio (кабриолети), Q5 Sportback (средни SUV) и Q7 (големи SUV), по што има и највисок просечен процент од добиените гласови за квалитет.

Од производителот од Инголштад резултатите ги толкуваат едноставно, квалитетот има четири букви и четири прстени.

„Die Besten Marken 2020“ – ранкинг според квалитет

1. Audi 71,25%
2. Porsche 69,08%
3. Mercedes 67,94%
4. BMW 64,12%
5. Volkswagen 61.37%
6. Volvo 59,71%
7. Skoda 54,16%
8. Cupra 52,52%
9. Mini 48,12%
10. Smart 47,96%

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider