Slide 1

Стории

Audi e-tron добива зголемена автономија како резултат на софтверска надградба

Slide 1

По инсталирањето на надградбата, сопствениците на E-Tron добиваат повеќе искористлив капацитет на батеријата. Односно, од 95-те kWh бруто капацитет на батеријата, дури 86 ќе може да бидат користени при возењето.

01/11/2021

Околу 1.600 гости беа поканети на презентацијата на Audi e-tron во Сан Франциско во септември 2018, во празна хала каде сè до 1970-тите се произведувале возила на американскиот производител Ford. 

Меѓу гостите бевме и ние, заедно со колегите од редакцијата на carclub.mk, па заедно бевме сведоци на спектаклот во организација на Германците. Забавата во халата кулминираше при појавувањето на 400 дронови, кои синхронизирано, лебдејќи на небото над заливот, ги формираа четирите прстени од логото на Audi. Од целата организација и посветеното внимание можеше да се заклучи дека овој модел е од големо значење за Audi.

Првиот електричен модел на брендот има вистински SUV перформанси: Двата електромотори испорачуваат сила еквивалентна на 408 hp и обезбедуваат инстантно забрзување, воздушната суспензија по потреба може да го зголеми клиренсот за 5 сантиметри, а Е-Тron mоже да влече товар од 1,800 килограми.

Но, интересно е дека овој електричен пионер во иднина ќе има дополнителни перформанси. Производителот најпрво комуницираше автономија од околу 400 километри според WLTP стандардот, која се однесува за e-tron 55 Quattro. Но, по првиот фејслифт кој се спроведе по само една година од комерцијализацијата, e-tron веќе доби значителна надградба – 441 километри автономија, односно 453 километри за sportback изведбата.

Она што е специфично за овој модел, е тоа што бенефитот го добиваат и оние сопственици кои веќе купиле e-tron, бидејќи овластените сервиси на Audi имаат соодветна софтверска надградба која ја инсталираат бесплатно за автомобилите произведени помеѓу септември 2018 и ноември 2019 година.

По инсталирањето на надградбата, сопствениците на e-tron добиваат повеќе искористлив капацитет на батеријата. Односно, од 95-те kWh бруто капацитет на батеријата, дури 86 kWh ќе може да бидат користени при возењето. 

Втора придобивка е тоа што електронскиот систем многу почесто го исклучува предниот мотор при нормално возење. 

Но, и покрај дополнителните бенефити од софтверските надградби, e-tron уште при лансирањето имаше низа функционалности кои го сместуваа помеѓу лидерите кога се во прашање електричните автомобили. Максималниот капацитет на полнење изнесува 150 kW, а според Audi, дури 30% од автономијaта се добива преку ефикасната рекуперација на енергија при сопирањето. Сопствениците на Audi, од друга страна, може да се претплатат за одредени функции, како што се системите за асистенција при возењето и тоа ќе може да го направат онлајн, и со различно времетраење: месечно, годишно или постојано.

Напредниот системот за навигација, пак, е стандарден во e-tron и ги калкулира рутите земајќи ги предвид локациите на станиците за брзо полнење. До оваа функционалност може да се пристапи и преку апликацијата, од каде рутите се препраќаат до автомобилот.

Германскиот производител посвети големо вниамние при дизајнирањето на e-tron во однос на безбедноста на батеријата. Како резултат на тоа, 36-те батериски ќелии, секоја од нив со големина на кутија за кондури, се сместени во цврста рамка со алуминиумска обвивка која ги заштитува и одвојува од кабината. Системот за ладење минува низ посебни алуминиумски профили и ја спроведува топлината преку специјален гел, при што ќелиите не доаѓаат во контакт со течноста.

Уште една иновација која ја забележавме на промоцијата во Сан Франциско се камерите на местата каде што би требало да стојат ретровизорите: e-tron е првиот продукциски автомобил во Европа кој има камери наместо ретровизори. Предноста на оваа иновација е намален отпор на воздухот, зголемена аеродинамичност и помала бучава. Во тивките електрични автомобили, звуците од ветрот се многу позабележливи, особено оние кои се одбиваат од предните кровни носачи. 

Во e-tron е вградена и топлотна пумпа,преку која Audi се обидува до максимум да ја искористи енергијата. Преку оваа пумпа e-tron ја користи топлината која ја ослободуваат електричните компоненти – со што се добиваат дополнителни 3 kW енергија. Според Audi, со ова се зголемува досегот за дополнителни 10%.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental