Вести
Audi e-tron е продажен лидер во својот сегмент
Во првата половина на 2020 година, биле испорачани 17.641 примерок на e-tron, што е навистина респектабилна бројка во периодот на пандемијата и комплицираното функционирање на целата авто-индустрија
Audi e-tron е првиот електричен модел на германскиот бренд, а во 2020 година овој SUV стигна до лидерското место во својот сегмент.
Големиот интерес за e-tron на повеќе континенти донесе надминување на продажните проекции на Audi, а заедно со најавените e-tron GT, Q4 e-tron и Q4 Sportback e-tron, се очекува 2021 година да донесе дополнително зацврстување на позицијата во алтернативната понуда.
Во првата половина на 2020 година, биле испорачани 17.641 примерок на e-tron, што е навистина респектабилна бројка во периодот на пандемијата и комплицираното функционирање на целата авто-индустрија.
Бројката е зголемување за 86,8% во однос на првите шест месеци од 2019 година, па тоа лесно објаснува зошто Audi e-tron e SUV лидер меѓу електричните изведби.
Норвешка како земја со најразвиен пазар на електрифицирани изведби го промовираше e-tron како бестселер во првата половина на годинава, а овој SUV претставува 92 проценти од сите примероци на брендот од Инголштад испорачани во скандинавската земја.
Задоволството кај Audi е големо и поради фактот што продажбата на моделот во САД е зголемена за 50 проценти.
Популарноста на e-tron се должи на неговата исклучителна функционалност и комфорно возење, но и поради автономијата која носи 436 (e-tron 55) или 446 километри (e-tron Sportback 55). Не смее да се заборави ниту процесот на полнење, бидејќи на брз полнач возачот може да добие автономија од над 100 километри со само 10 минути полнење.