Вести
Audi e-tron GT освои награда во категоријата за возило со високи перформанси во рамки на World Car Awards 2022
Audi e-tron GT беше избран помеѓу 12 конкуренти во својата категорија, од кои на 15-ти март прелиминарно беа избрани и објавени 3-те финалисти. Освен e-tron GT, во финалето се пласираа и BMW M3/M4 како и Toyota GR86/Subaru BRZ.
Интернационално жири составено од 102 автомобилски новинари од 33 држави, ги избраа победниците преку тајно гласање.
Главната награда ја однесе електричниот Hyundai Ioniq 5, додека во категоријата за автомобил со високи перформанси, неприкосновен беше Audi e-tron GT.
Ова не е прва награда за Audi на реномираниот избор. Имено, во неговата 18-годишна историја, производителот од Инголштат има освоено 11 награди, што е рекорд помеѓу производителите.
Нашата клучна цел со Audi e-tron GT беше да ја редефинираме Gran Turismo филозофијата за електричната ера”, изјави Кристиан Цорн, директор за продукт маркетинг во Audi AG. “e-tron GT комбинира спортско моќно возење со високо ниво на секојдневна практичност – тој е вистински Gran Turismo и вистински Audi”.
Audi e-tron GT беше избран помеѓу 12 конкуренти во својата категорија, од кои на 15-ти март прелиминарно беа избрани и објавени 3-те финалисти. Освен e-tron GT, во финалето се пласираа и BMW M3/M4 како и Toyota GR86/Subaru BRZ.
За да се квалификува еден модел во категоријата “возила со високи перформанси” мора да има производство од најмалку 2,000 примероци годишно, мора да се продава на барем два од најголемите автомобилски пазари (Кина, Европа, Индија, Јапонија, Кореја, Јужна Америка, САД), на барем два различни континенти и да биде во продажба во најголемиот период, сметајки од 1 јануари 2021 до 30 март 2022.