Slide

Вести

Audi e-tron не го испушта норвешкиот трон, Peugeot e-208 го започна својот пробив

Slide

Она што останува главен впечаток за годинава е дека Норвежаните станаа големи фанови на Audi e-tron, па електричниот SUV не само што е втор најпродаван модел во мај, туку е убедливо прв кога ќе се погледнат резултатите од текот на целата година

03/06/2020

Норвешкиот пазар на нови автомобили почувствува ефект од КОВИД-19 рестрикциите во мај, но останува со солидна бројка од 7.998 продадени примероци и во петтиот месец од годината.

Анализата на случувањата во оваа земја се важни поради застапеноста на електрифицираните модели како никаде на друго место во Европа, а во цела 2020 година продажбата во скандинавската земја изнесува 47.781 автомобил, или 24% помалку во однос на истиот период минатата година.

Она што останува главен впечаток за годинава е дека Норвежаните станаа големи фанови на Audi e-tron, па електричниот SUV не само што е втор најпродаван модел во мај, туку е убедливо прв кога ќе се погледнат резултатите од текот на целата година.

Истовремено, Tesla e во непрепознатлива криза за еден ваков пазар, има пазарен удел од само 3,2% и намалена продажба за цели 82,9% во однос на првите пет месеци во 2019 година. Audi од своја страна, во првите два месеца има раст на продажбата за над 120 проценти и е еден од ретките брендови кои имаат позитивен ефект во проблематичната година.

Од новитетите на пазарот, треба да се истакне пробивот на Peugeot 208, кој благодарение на електричната изведба има раст во овој период. Само во месец мај, електричниот е-208 завршил кај 182 норвешки купувачи.

Во месец мај, најпродаван модел бил Volkswagen Golf (621), кој да потсетиме е популарен и со својата електрична и плаг-ин хибрид изведба во Норвешка, а по него следува исклучиво електричниот Audi e-tron со 579 продадени примероци. Првата петорка ја заокружуваат Hyundai Kona, Nissan Leaf и Skoda Octavia.

Во рамките на цела година, води e-tron со 5.165 продадени примероци (пазарен удел од 10,8%), a по него следуваat VW Golf, Nissan Leaf и Hyundai Kona.

Електричните автомобили имале пазарен удел од 43,1% во месец мај, годинава се продадени 23.462 автомобили на електричен погон во Норвешка, а пазарниот удел на дизелите и бензинците во мај бил 11,7%, односно 11,3%.

Топ 10 најпродавани модели во Норвешка
(јануари-мај 2020)

1. Audi e-tron 5.165
2. VW Golf 3.097
3. Nissan Leaf 2.125
4. Hyundai Kona 1.962
5. Mitsubishi Outlander 1.526
6. Renault Zoe 1.338
7. Tesla Model 3 1.268
8. BMW i3 1.155
9. Toyota Yaris 937
10. Volvo XC60 904

Топ 10 брендови во Норвешка
(јануари-мај 2020)

1. Volkswagen 6.175
2. Audi 5.586
3. Toyota 4.233
4. BMW 3.448
5. Volvo 2.885
6. Hyundai 2.883
7. Skoda 2.704
8. Mercedes 2.570
9. Nissan 2.543
10. Peugeot 1.748

Повеќе содржини за електрични автомобили

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба