Skip to content

Новитети

Audi e-tron Sportback: Електрично SUV купе со досег од 446 километри

Помоќната e-tron Sportback 55 quattro изведба добива електро-мотор со максимална моќност од 300 kWh или 408 коњски сили (PS), опција која може да се користи осум секунди, додека возачот постојано на располагање ќе има 360 коњски сили и вртежен момент од 561 Nm

20/11/2019

Audi ја продолжи серијата на се повозбудливи електрични дебитанти на автомобилската сцена, проширувајќи го официјално своето e-tron семејство со атрактивното SUV купе кое ќе се вика e-tron Sportback.

Електрифицираната иднина ќе промени многу работи, па очигледно и употребата на наставката Sportback кај гигантот од Инголштад, но она што во моментов е најважно дека досегашните прототип верзии на e-tron Sportback воопшто не залажуваа кога се работи за атрактивноста и впечатливито дизајн на овој автомобил.

Премиерата на Audi e-tron Sportback во Лос Анџелес отвора ново важно поглавје во амбициите на премиум брендот што побрзо и што полесно да освои поголем дел од пазарниот удел кај електричните изведби и да биде подготвен за поголемиот интерес кој неминовно го носи иднината.

SUV купето со четири врати ќе биде долго 4,91 метри, широко 1,93 метри и високо 1,61 метри и во сериската опрема ќе добие 20-инчни тркала и спортска воздушна суспензија.

Она што секако е најинтересно е електричниот погон и неговите карактеристики, односно досегот, автономијата со едно полнење на батеријата.

Audi e-tron Sportback 50 quattro ќе биде најдостапната изведба и ќе доаѓа со моќност од 230 kW, односно 312 коњски сили и вртежен момент од 540 Nm, a досегот со едно полнење на батеријата (71 kWh) изнесува 347 километри (WLTP).

Помоќната e-tron Sportback 55 quattro изведба добива погон со максимална моќност од 300 kW или 408 коњски сили (PS), опција која може да се користи осум секунди, додека возачот постојано на располагање ќе има 360 коњски сили и вртежен момент од 561 Nm.

Во „дифолт“ моќноста, до 100 км/ч се стигнува за 6,6 секунди, додека користењето на оваа „буст“ опција спринтот трае 5,7 секунди. Автономијата со едно полнење е 446 километри.

Quattro погонот е специјално адаптиран за придвижување на двете оски, па вообичаено Audi e-tron Sportback се придвижува преку задните тркала, но по потреба се активира и предната оска.

Кај e-tron Sportback дебитираат Digital Matrix LED светлата кои одат чекор понапред во обезбедување што подобра видливост и го адаптираат снопот со постојана анализа на условите на патот, а во кок-питот возачот ќе добие дигитална инструмент табла (12,3-инчна) и два екрана на допир (12,1 и 8,6-инчни) на централната конзола.

Функционалноста нема да биде проблем за овој електричен SUV, па возачот и патниците добиваат вкупно 615 литри капацитет за багаж, а истиот може да стигне до 1.655 литри со спуштање на задната клупа.

Најавената почетна цена за Audi e-tron Sportback e 71.350 евра.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend