Вести
Audi e-tron Sportback со дигитални Matrix светла и 1.2 милиони пиксели, пристигна во салонот во Скопје
Купе изгледот го "чини" 13 милиметри висина споредено со e-tron, но затоа добива кога е во прашање аеродинамиката (0.25 споредено со 0.27)
Електричниот кросовер, кој за првпат беше претставен за време на саемот во Лос Анџелес во 2019 година, сега пристигна и во салонот на брендот Audi во Скопје.
Споредено со Audi e-tron, овој кросовер-купе модел има силуета која умерено се спушта во задниот дел, што го прави моделот поелегантен споредено со неговата класична SUV изведба (e-tron).
Купе изгледот го “чини” 13 милиметри висина споредено со e-tron, но затоа добива кога е во прашање аеродинамиката (0.25 споредено со 0.27)
Со оглед на тоа дека е поставен на истата платформа и технологија, перформансите се идентични: Двата електрични мотори обезбедуваат сила од 360 hp, и максимален вртежен момент од 561 Њутн метри.
Од 0-100km/h моделот забрзува за 6.6 секунди, а електронски е лимитиран на максимални 200 km.
Во спортскиот (boost) режим на возење, е-tron Sportback има дури 408 hp, 664 Nm вртежен момент.
Во однос на автономијата, Audi споделува 446 километри според WLTP циклусот, што е 35 километри повеќе од класичниот SUV модел.
Во ентериерот не се забележливи разлики: доминираат двата екрани на централната конзола, и третиот – во улога на дигитална инструмент табла е поставен зад упрауввачот.
Забележливи од самите фотографии се новите дигитални Matrix светла воведени во средината на 2020. Благодарение на интегрираниот чип, системот ги дели LED светлата на 1.2 милиони засебни пиксели. Ова овозможува уште посветол светлосен сноп пред возилото.
Но, технологијата може многу повеќе од тоа: на пример, може да ги проектира точните димензии на возилото со дополнителни линии во форма на светлосен конус. Функционалноста овозможува интересен ефект. Имено, при промена на коловозна лента, светлосниот сноп може да биде пренесен во соседната лента уште пред возилото да ја направи промената.
Дигиталните Matrix светла овозможуваат и серија на анимирани светлосни ефекти како отпоздравување на возачот и патниците при влегување и излегување од автомобилот.