Slider

Новитети

Audi го надгради Q5 со OLED технологија и нов инфо-забавен систем

Slider

Она што посебно го истакнува Audi е интегрирањето на третата генерација на платформата за инфо-забавниот систем, кој носи драстичен напредок во однос на опциите, интуитивноста и процесирањето на функциите кои му се доделени

29/06/2020

Актуелната генерација на Audi Q5 го доби својот фејслифт, кој и во овој случај е фокусиран на технолошката надградба и новите опции кои ги добиваат купувачите.

Популарниот SUV на брендот од Инголштад очекувано е освежен и на екстериерот, па на преднио дел се добива поширока маска, како и редизајн на формата на браникот (поради кој должината е зголемена до 4,68 метри), дифузерите и светлата, во чиј склоп е и новиот потпис на LED дневните светла.

Она што посебно го истакнува Audi е интегрирањето на третата генерација на платформата за инфо-забавниот систем, кој носи драстичен напредок во однос на опциите, интуитивноста и процесирањето на функциите кои му се доделени, а менито на MMI системот може да се следи на 10,1-инчен централен екран.

Првите купувачи на освежениот Audi Q5 ќе мора да ја изберат опцијата со 2.0-литарски турбо дизел мотор со 204 коњски сили, кој добива напреден систем на NOx прочистување со двojно вбризгување на AdBlue, како и 12V технологија со стартер/генератор кој го прави „благ“ хибрид.

Во понудата на Q5 ќе се вклучат уште неколку дизел и бензински мотори, вклучувајќи и V6 дизел изведба, како и плаг-ин хибрид варијацијата со две различни конфигурации.

Купувачите на освежениот Q5 на располагање како опција ја добиваат и OLED технологијата, која покрај квалитетот на осветлувањето и видливоста, подразбира и напредни опции како менување на светлината во зависност од позицијата или режимот на возење.

Интересна е и надградбата со сензорите поврзани со задните светла, кои се активираат автоматски доколку е детектирано приближување на друго возило на дистанца помала од два метра, во ситуација кога Q5 стои во место.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider