Slider

Вести

Audi го подготви RS6 GTO како дел од одбележувањето 40 години quattro

Slider

Концептот е во тркачко издание, односно без задна клупа, со спортски седишта и заштитна мрежа на прозорците

11/11/2020

Одбележувањето на 40-годишниот роденден на quattro технологијата има посебно значење за Audi, па затоа и германскиот бренд реши да се потруди да го истакне тој факт со посветување повеќе настани, односно специјални изведби.

Последниот чекор е атрактивниот концепт Audi RS6 GTO, кој бил подготвуван од специјално избран тим од Audi академијата во Некарзлум, а со својот дизајн оддава чест на легендарниот 90 Quattro IMSA GTO, кој имаше успешни настапи во американскиот IMSA шампионат во 1989 година.

Дизајнерските елементи посебно го истакнуваат концептот, па покрај карактеристичните бои, тука се и специјалните тркала и спојлерот обоен во црвена боја. Концептот е во тркачко издание, односно без задна клупа, со спортски седишта и заштитен кафез и мрежа на прозорците.

Концептот RS6 GTO под поклопецот го има моќниот V8 мотор на класичниот RS6 Avant со 600 коњски сили, но веројатно нема да добие ни ограничен број примероци како на пример специјалната изведба на Audi TT, за која се предвидени 40 примероци.

Audi ја претстави quattro технологијата со легендарниот модел Quattro во 1980 година, а оттогаш има произведено над 10 милиони примероци со погонот на четири тркала.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider