Slide

Стории

Audi гради мрежа од центри за полнење, кои се независни од капацитетот на локалната електрична мрежа

Slide

Овој иновативен концепт подразбира дека ваквите хабови немаат потреба од висока волтажа и трансформатори.

09/06/2022

Audi потврди дека ќе продолжи да инвестира во сопствени премиум локации на кои ќе бидат поставени полначи за електрични автомобили. По пилот-проектот во Нирнберг, Audi ќе го примени концептот на повеќе локации.

Идејата за места на кои сопствениците на електрични автомобили би ги посетувале и истовремено би ги полнеле батериите на своите автомобили, е првенствено наменета за оние сопственици на електрични автомобили кои немаат брз полнач во својот дом, па се зависни од јавно достапните брзи полначи.

Како локација за пилот проектот беше избран простор во центарот на Нирнберг, кој исторвемено е лоциран непосредно до неколку автопати кои се вкрстуваат во близина. “Локацијата е идеална за возачите кои минуваат поголема километража”, изјави Оливер Хофман, Директор за технологија и член на одборот на директори во Audi.

“Блиску е до автопатот, но во исто време е достапна и за возачите во централното градско подрачје на Нирнберг”, додава тој.

Овој центар функционира од средината на декември 2021. На приземјето се лоцирани брзите полначи, на првиот спрат има простор за одмор и храна. Од фотографиите може да се забележат убаво уредени паравани на кои гостите може да се одморат, да испијат кафе, да нарачаат храна или да работат на своите компјутери.

Наскоро клиентите на Audi ќе може однапред да си резервираат место со брз полнач, кое веднаш по резервацијата ќе биде блокирано со хидрауличен столб сѐ додека не се појави клиентот кој ја направил резервацијата.

Интересен факт е тоа што на горниот спрат има оддел и за сопственици на електрични автомобили од други производители. Тука има вендинг машини за грицки и топли пијалоци.

Но, клучна поента на ваквите хабови е нивната лесна инсталација на било која локација. Имено, тие не се зависни од локалната електрична инсталација. Наместо тоа, тие за полнење на електричните авотмобили користат електрична енергија складирана во батерии кои се извадени од стари елетрични возила, па со нивната употреба на вакви локации, практично им е продолжен животниот циклус.

Овој иновативен концепт подразбира дека ваквите хабови немаат потреба од висока волтажа и трансформатори. 

Конкретниот хаб има вкупен капацитет за полнење од 2.45 mWh. Сопствениците на електрични возила може да полнат со капацитет од 320 kW на 6 на дел од најбрзите полначи. Секој од овие 6 брзи полначи има по две излезни полначи, што значи дека доколку и двата се зафатени во исто време, капацитетот подеднакво ќе се подели на двете возила (по 160 kW). Останатите полначи се се послаб капацитет, а најслабите се со капацитет за полнење од 22 kW.

Важен аспект се секако и цените кои Audi ги наплатува, а кои засега се прилично достапни, односно клиентите би потрошиле оптрилика исто колку што би потрошиле доколку би ги полнеле автомобилите во својот дом. Споредено со цените за полнење на Ionity, на пример, мрежа во која и Audi има удел, овие цени се значително пониски.

Сопствениците на автомобили од други производители, пак, си плаќаат по цена која им е договорена со провајдерот за полнење кај кој имаат претплата, по што Audi само ја пренесува наплатата од корисниците кон тие провајдери, без дополнителна провизија.

Очигледно е дека во Audi засега се задоволни од тоа како функционира првиот пилот проект. Заради тоа, премиум производителот планира да отвори уште неколку вакви локации, и тоа уште годинава. Следни на ред се Цирих, Салзбург и Берлин. 

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа