Slider

Новитети

Audi ја прошири SUV понудата со Q5 Sportback

Slider

Audi во иднина ќе има уште еден член на SUV портфолиото, а тоа е SUV купе изведбата на Q5, која ќе биде позната како Q5 Sportback

28/09/2020

Фактот што четири од десет продадени автомобили во Европа се припадници на SUV сегментот и сите негови класи, јасно објаснува зошто производителите интензивно работат на проширувањето на понудата, а тие често добиваат предност и кај првите електрифицирани изведби.

Audi во иднина ќе има уште еден член на SUV портфолиото, а тоа е SUV купе изведбата на Q5, која ќе биде позната како Q5 Sportback.

Новиот ривал на модели како BMW X4 и Mercedes GLC Coupe задржува дел од препознатливите карактеристики на класичниот Q5, но сепак со купе силуетата и променетиот заден дел ќе има детали по кои директно ќе се разликува од својата основа.

На задниот дел, Audi Q5 Sportback ќе добие опција за задни светла со OLED технологија, во игра се 21-инчни тркала, како и Matrix LED светла на предниот дел.

Првично, Q5 Sportback ќе биде достапен со 2.0-литарски дизел мотор со 204 кс и со технологија на благ хибрид, додека за подоцна се најавени и 2.0-литарски бензинци, како и V6 дизел, сите како еден вид најава за плаг-ин хибрид и поспортска изведба.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider