Slider

Новитети

Audi ја збогати понудата на Q3 и Q3 Sportback со плаг-ин хибрид изведба

Slider

Audi подготви погон со моќност од 245 коњски сили за Q3/Q3 Sportback 45 TFSI e, додека автономијата на електричен погон со едно полнење на батеријата изнесува 50 километри

03/12/2020

Германскиот производител Audi реши првпат да понуди плаг-ин хибрид погон во компактната SUV класа, што значи дека во иднина купувачите ќе имаат ваква опција при изборот на моделите Q3 и Q3 Sportback.

Ознаката 45 TFSI e, ќе биде препознатлива за атрактивните SUV модели со плаг-ин хибриден погон, а првите примероци ќе бидат испорачани во првиот квартал на 2021 година.

Audi подготви погон со моќност од 245 коњски сили за Q3/Q3 Sportback 45 TFSI e, додека автономијата на електричен погон со едно полнење на батеријата изнесува 50 километри.

Q3/Q3 Sportback 45 TFSI e изведбите ќе располагаат со 1.4-литарски бензински мотор и електро мотор (85 kW), преку кои се добива максимален вртежен момент од 400 Nm и забрзување до 100 км/ч за 7,3 секунди.

Audi со Q3/Q3 Sportback го претстави осмиот модел со плаг-ин хибрид погон, а покрај полесното пакување на батеријата, двете изведби на возачот му овозможуваат избор на повеќе режими за возење, како и адаптирање на системот за регенерирање на енергија кој оди во батеријата.

Q3 и Q3 Sportback доаѓаат со 380 литри багажен простор, кој може да порасне до 1.375 кај класичната, односно 1.250 литри кај купе изведбата. Во ентериерот се добива 10,25-инчна дигитална инструмент табла, 10,1-инчен централен екран и премиум амбиент, препознатлив за понудата на Audi.

Повеќе содржини за хибридни модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider