Slide

Вести

Audi ќе атакува на релито Дакар со електрифициран погон и три „дрим-тим“ екипажи

Slide

02/06/2021

Audi Sport го означи почетокот на подготовките за следното издание на легендарното рели Дакар, најавувајќи дека ќе биде прв првоизводител кој ќе се обиде да стигне до титулата со возило со електрифициран погон.

За ваквиот предизвик да биде уште поинтересен и попривлечен за фановите на релито, Германците формираа три квалитетни екипажи, со право нарекувајќи го „дрим-тим“.

Едниот екипаж ќе биде предводен од Штефан Петерхансел, кој зад себе има 14 победи на ова рели, од кои шест со моторцикл и уште осум на четири тркала, а лидер на вториот екипаж ќе биде Карлос Саинц.

Шпанецот на 59-годишна возраст не планира да се откаже од задоволството наречено рели Дакар, па ќе се обиде да стигне до четвртата титула, откако последен пат триумфираше во 2020 година, кога релито се возеше во Саудиска Арабија.

Третиот екипаж му е доверен на Матијас Екстром, кој ќе дебитира на ова рели, но затоа има искуство во голем број моторспорт серии, а со Audi освои две титули во DTM првенството.

– Иднината е електрична, за десет години сите ќе возат електрични автомобили. Дакар ќе биде екстремен тест за оваа технологија, сакаме да бидеме прв тим кој ќе победи со електрифицирано возило, – вели Петерхансел.

Новото издание на релито Дакар ќе се вози меѓу 2 и 14 јануари, 2022 година.

Повеќе содржини за Audi:

 

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри