Slide

Вести

Audi ќе ги дисконтинуира моделите A1 и Q2 и ќе се фокусира на поголеми премиум модели

Slide

Продажбата на Q2 минатата година изнесуваше 53,183 возила, односно 6% помалку од 2020.

15/02/2022

Audi ќе го дисконтинуира производството на А1 и Q2, два од своите намали модели и наместо на нив, ќе се фокусира на развој на поголеми премиум автомобили.

“Хеџбекот А1 и кросоверот Q2 нема да добијат следни генерации, штом заврши циклусот на тековните”, неодамна изјави Маркус Дусман, извршниот директор на Audi во интервју за германскиот весник Handelsblatt.

Матичната компанија на Audi, групацијата Volkswagen Group, ја редефинираше улогата на поединечните брендови во групацијата, при што Audi го задржа статусот на бренд во премиум сегментот.

“Ние ќе го намалиме нашето портфолио во малите сегменти, а ќе го зголемиме во поголемите”, изјави Дусман. “Даваме приоритет на други сегменти”.

Моделот А1 беше воведен во 2010 година, а ја дели платформата на VW Group со сестринските хеџбеци VW Polo и Seat Ibiza. Втората генерација на А1 започна да се произведува во 2018 година.

Кросоверот Q2, пак, беше воведен во 2016, како најмал претставник во Q гамата на брендот, составена од кросовери и SUV модели. Наменет е за премиум купувачите кои имаат потреба од практично мало возило за движење низ градските средини, каде паркирањето претставува потешкотија.

Audi минатата година продаде 56,883 примероци од моделот A1 во Европа, што е за 1% помалку споредено со 2020. Продажбата на Q2 минатата година изнесуваше 53,183 возила, односно 6% помалку од 2020. 

Поради тековниот недостиг на полупроводници, VW Group, како и останатите автомобилски производители, онаму каде е изводливо, ги користи достапните полупроводници за да произведе попрофитабилни модели.

“Во рамките на групацијата ние се обидуваме да постигнеме подобар резултат. Заради тоа ги приоретизираме моделите со поголема заработувачка”, додава Дусман.

Тој воедно најави дека очекува подобрување во однос на достапноста на полупроводници во текот на годинава.

И конкурентите на Audi во премиум сегментот, Mercedes-Benz и BMW имаат слични планови за фокусирање на поголемите сегменти. 

Дусман за време на интервјуто ги повтори плановите на Audi за развој на комплетно електричен знаменосец модел базиран на концептот Gransphere, кој ќе има простран ентериер, нов електричен систем и нов софтвер.

“Развојот на моделот оди според планот, според кој планираме моделот да се најде на улиците во 2025 година. Потоа ќе се појават уште неколку модели на истата платформа, вклучувајќи варијанти произведени од сестринските брендови Bentley и Porsche”, завршува Дусман.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа