Slide

Вести

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни

Slide

Според извештаите, следејќи го правилото за парни и непарни броеви, Audi ќе ги преименува моделите A4 и А6, во А5 и А7. (Маркус Дусман за време на годишната прес конференција).

24/03/2023

Audi ќе направи промена во именувањето на моделите од својата гама, за да направи јасна дистинкција помеѓу комплетно електричните, од оние модели со мотори со внатрешно согорување. Ова го најави Маркус Дусман, главниот извршен директор на брендот.

Електричните модели ќе бидат именувани со парни броеви, додека оние модели кои имаат мотори со внатрешно согорување ќе може да се препознаат по непарните броеви во нивните имиња, изјави Дусман минатата седмица, за време на годишната прес конференција на Audi.

“Ние го прошируваме нашето производно порфтолио со нови електрични модели, и заради тоа мораме да го реструктурираме форматот на именување на нашите модели”, изјави тој.

Првиот комплетно електричен модел на брендот е E-tron, голем SUV кој беше лансиран во 2019. Тој се нуди и во спортска изведба со четири врати, која е именувана како E-tron GT.

Во моментов, алфанумеричките имиња на моделите на Audi не прават дистинкција во однос на нивниот погон.

Гамата започнува со малиот A1, а оди сѐ до A8 – нивниот седан знаменосец, потоа SUV моделот Q8 и спортскиот R8.

За споредба, германските премиум конкуренти BMW и Mercedes веќе воведоа номенклатура на именување за своите електрични модели. Mercedes го додава акронимот “EQ” пред буките со кои се именува моделот, додека BMW ја додаде малата латинична буква “i”, пред бројките со кои се именуваат моделите.

Интересно, Mercedes планира веќе од следната 2024 година да престане да го користи акронимот EQ.

Audi постепено започна со преименување на дел од своите модели. Така, моделот E-tron, кој беше освежен на почетокот од годинава, сега е именуван како Q8 E-tron. Следниот комплетно електричен модел на брендот ќе биде SUV модел именуван како Q6 E-tron. Дусман не објави дали моделот E-tron GT ќе биде исто така преименуван.

Според извештаите, следејќи го правилото за парни и непарни броеви, Audi ќе ги преименува моделите A4 и А6, во А5 и А7.

Тековните A5 и А7 нема да имаат наследници со мотори со внатрешно согорување, со што ќе се елиминира конфузијата со промената на имињата.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба