Slider

Новитети

Audi понуди нова верзија на жешкиот кросовер SQ2

Slider

Срцето на Audi SQ2 останува 2.0-литарскиот мотор со 300 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm, a забрзувањето до 100 км/ч трае само 4,9 секунди. Во конфигурацијата е вклучен и 7-степена S tronic суспензија, како и потврдениот quattro погон на сите тркала

17/11/2020

Само две години по премиерата, спортскиот кросовер Audi SQ2 доби освежување, со кое германскиот бренд го надгради автомобилот со повеќе технологија и трендовски зафати на екстериерот и во ентериерот.

Промените на маската, браниците и светлата каде LED технологијата доаѓа во стандардната опрема (LED matrix технологијата е опција), се надополнети со освежување на ентериерот, каде и онака Audi е докажан во однос на премиум конфигурацијата на која тешко може да и се најде забелешка.

Срцето на Audi SQ2 останува 2.0-литарскиот мотор со 300 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm, a забрзувањето до 100 км/ч трае само 4,9 секунди. Во конфигурацијата е вклучен и 7-степена S tronic суспензија, како и потврдениот quattro погон на сите тркала.

Новата верзија на SQ2 располага со сите потребни безбедносни системи, како и полу-автономно возење од второто ниво, кое е сосема доволно за сериозно зголемување на безбедноста, но и порелаксирано управување со помош на адаптивниот круз-контрол.

Повеќе содржини за SUV модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider