Slide 1

Вести

Audi Q5 Sportback опремен со OLED технологија и “Hey Audi” системот пристигна во Скопје

Slide 1

OLED технологијата Audi ја развива уште од 2016 година, а во Q5 Sportback дебитира во надградена дигитална верзија.

15/07/2021

Премиум производителот од Инголштад го претстави Q5 Sportback кон крајот на минатата година, а од неодамна овој CUV (Crossover Utility Vehicle) модел, пристигна и во салонот на Audi во Скопје.

Главниот впечаток кој го остава овој модел е напредната технологија која ја содржи. Дел од технолошките иновации кои се издвојуваат се “MIB 3” системот, адаптивната воздушна суспензија, како и светлата кои се состојат од дигитална OLED технологија.

OLED технологијата Audi ја развива уште од 2016 година, а во Q5 Sportback дебитира во надградена дигитална верзија. Во секое од двете задни светла се вградени по три диоди, а секоја од нив, пак, е поделена на шест дела, со што се добиваат 18 различни сегменти кои може да се контролираат независно еден од друг.

Но, зошто Audi се фокусира на OLED технологијата во однос на светлата?

OLED диодите се многу тенки, околу 1мм, за разлика од LED диодите, на пример, кои се дебели и по 20-30мм. Исто така, OLED технологијата користи значително помалку енергија, а постигнува подобар контраст и хомогено осветлување.

Но, додавката “дигитална” пред OLED не е само маркетиншки трик. Оваа нова генерација на OLED технологијата овозможува вклучување на сите 36 OLED сегменти во задните светла како знак за предупредување доколку некое возило се приближи на помалку од 2 метра зад Q5 Sportback.

Ваквата технологија овозможува во иднина како знак за предупредување да се проектира на пример, црвен триаголник, а потоа и да се интегрира со “car-to-x” стандардот за комуникација со останатите возила во сообраќајот штом законската регулатива тоа ќе го одобри.

Што се однесува до адаптивната воздушна суспензија, таа овозможува подигање на возилото за 45мм, што е многу практично при офроуд возење, но и спуштање за 15мм при брзо спортско возење. Ова му овозможува на возачот да го менува клиренсот на своето Audi за вкупно 60 милиметри.

Q5 Sportback како и најголем дел од моделите на Audi во 2021 година, пристигнува со надградениот систем кој Audi го брендира како “MIB 3”, акроним кој произлегува од “Modular Infotainment Toolkit”.

Оваа, трета генерација е базирана на Linux платформата, а во неа е вграден 10 пати побрз процесор споредено со претходната “MIB 2” генерација. Модемот кој е дел од оваа технолоија овозможува пренос на податоци со 1Gbps.

MIB3 системот е основа за повеќе функционалности меѓу кои и унапреден систем за гласовни команди.

Затоа, доколку навигацијата преку 10.1-инчниот дисплеј осетлив на допир е преголем ангажман за возачот, тој може да му се обрати на возилото со фразата “Hey Audi”, по што возилото со внимание ќе ги очекува и секако ќе ги спроведе барањата кои се однесуваат на промена на температурата во возилото, позицијата на седиштата или светлата во кабината, на пример.

Повеќе содржини за Audi:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla