Slide

Новитети

Audi RS3 Performance Edition: 300 примероци со максимална брзина од 300 km/h

Slide

Дополнителната сила од седум коњски сили се добива малку подоцна (при 5,700rpm), додека максималниот вртежен момент е достапен помеѓу (2,250 до 5,700 rpm).

19/10/2022

Со турбо моторот со 5 цилиндри, Audi RS3 веќе ужива посебен углед во сегментот на спортски компакти.

Но, производителот од Инголштат, сега додава уште еден аргумент плус во корист на својот спортски модел – максимална брзина ограничена на дури 300 km/h.

Специјалната изведба се нарекува RS 3 Performance Edition, а ќе има само 300 произведени примероци.

Но, не е само максималната брзина она што ова специјално издание го издвојува од останатите. Турбото на 5-цилиндерскиот мотор работи под притисок кој е за 0.1 бар повисок (1.6 бари), како резултат на што се добива сила од 407 hp и 500 Nm вртежен момент.

Дополнителната сила од седум коњски сили се добива малку подоцна (при 5,700rpm), додека максималниот вртежен момент е достапен помеѓу (2,250 до 5,700 rpm).

Забрзувањето од 0-100 km/h изнесува 3.8 секунди. Производителот ја подобри контролата на издувниот систем, па отсега петте цилиндри можат да испуштаа и посилен звук при стоење во место. Спортската суспензија, пак, треба да овозможи уште подобра возна динамика.

Но, RS 3 Performance Edition се издвојува од останатите и во однос на изгледот. Тука се специјалните бои Nogaro, Daytona и Sebring во комбинација со црните спојлери и црниот амблем RS 3 кој е поставен на предниот и задниот дел.

Специјалната едиција веќе може да се нарача, а испораките ќе започнат на почетокот на 2023 година.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели