Slider

Новитети

Audi со дизајнерско и технолошко освежување за кросоверот Q2

Slider

Новата верзија на Q2 порасна минимално до 4,21 метри, задржувајќи ги досегашната широчина и височина, исто како робустноста која го придружува спортскиот имиџ на автомобилот

01/09/2020

Четири години по премиерата на Audi Q2, брендот од Инголштад го освежи трендовскиот кросовер кој стигна на половина од својата прва генерација.

Новата верзија на Q2 порасна минимално до 4,21 метри, задржувајќи ги досегашната широчина и височина, исто како робустноста која го придружува спортскиот имиџ на автомобилот.

Audi ги вметна целосните LED предни светла во сериската опрема, на задниот дел може да се изберат LED светла со или без динамични индикатори, а на предниот дел се направени промени кои му даваат потрендовски израз на Q2 и се повеќе од доволни да направат разлика со претходната верзија.

Ова Audi добива и пет нови бои, меѓу кои и „зелено јаболко“, која дебитира кај германскиот бренд, додека промени и во кокптитот, каде дизајнерите го освежија досегашниот концепт со поинаков пристап и материјали на одредени елементи.

Дигитализацијата на кокпитот значи дека кај Q2 може да се стигне до 12,3-инчна дигитална инструмент табла и 8,3-инчен централен екран, а функциите се контролираат со ротирачка команда поставена на централната конзола.

Audi најави дека почетокот на продажбата на освежениот Q2 ќе биде со бензинскиот мотор со 150 коњски сили, поврзан со мануелна или автоматска трансмисија, а подоцна ќе бидат вметнати и повеќе бензински и дизел мотори.

Новата изведба на Q2 ќе ги добие системите за безбедност и асистенција од моделите од повисока класа, што е доволна гаранција дека ова Audi ќе понуди се што е потребно, а на располагање ќе биде и спортска суспензија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider