Slide

Вести

Audi воведува иновативни решенија за намалување на Co2 емисијата во своите фабрики

Slide

Фабриката на Audi во Брисел, каде што се произведува Q8 E-tron, каде кон крајот на годинава ќе започне да се произведува помалиот Q4 E-tron, е карбонски неутрална уште од 2018 година.

10/05/2023

При комплетната транзиција од возила со мотори со внатрешно согорување кон електрични возила, Audi го менува начинот на кој фабриките ги произведуваат возилата, концентрирајќи се на постигнување на карбонска неутралност.

Започнувајќи од 2025 година, производството во сите фабрики на Audi ќе биде карбонски неутрално, согласно иницијативата  Mission: Zero, која беше претставевна во 2020 година.

Амбицијата е во линија со ултимативната цел, а тоа е комплетно напуштање на производство на возила со мотори со внатрешно согорување до 2033 година.

Фабриката на Audi во Брисел, каде што се произведува Q8 E-tron, каде кон крајот на годинава ќе започне да се произведува помалиот Q4 E-tron, е карбонски неутрална уште од 2018 година.

Летово во истата фабрика ќе се воведе нов систем на водоснабдување кој ќе овозможи заштеда на 100,000 кубни метри свежа вода на годишно ниво.

На кровот на фабриката се наоѓаат соларни панели кои може да генерираат електрична енергија од 9.7 мегавати. Овие панели, кои се инсталирани пред една деценија, генерираат околу 13% од вкупната потрошувачка на електрична енергија потребна за процесот на производство. Се случува во некои посончеви денови, овој процент да се искачи и на 50.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година