Slide

Вести

Аукциски рекорд: Американец плати шестцифрена сума за Ferrari брошура

Slide

Самата почетна цена од 25.000 евра најавуваше дека се работи за специјален учесник на најновата аукција, а наддавањето достигнало сума од 110.000 евра, која заедно со провизиите и другите трошоци ја носат конечната сума од 127.600 евра за среќниот купувач

10/12/2019

Колекционерите на легендарните автомобилски олдтајмери често знаат да издвојат и милионски суми за ретки примероци на дел од најегзотичните и најуникатните модели во историјата.

Но, на последната аукција организирана од германската аукциска куќа „Ni-Cola“, поставен е нов рекорд во однос на цената постигната за продажба на една брошура.

Анонимен купувач ќе исплати неверојатни 127.600 евра за брошура посветена на моделот Ferrari 250 Europa, истата датира од 50-те години на минатиот век, а интересно е составена од само четири страници.

Самата почетна цена од 25.000 евра најавуваше дека се работи за специјален учесник на најновата аукција, а наддавањето достигнало сума од 110.000 евра, која заедно со провизиите и другите трошоци ја носат конечната сума од 127.600 евра за среќниот купувач.

Вредната хартија всушност е брошура на англиски јазик за еден од првите легендарни модели на Ferrari, 250 Еuropa, a според експертите останати се само три примероци од истата, што веројатно и посебно влијаело на цената.

Познавачите на историјата на Ferrari велат дека Енцо Ферари не сакал да прави класични брошури и испраќал нивна мини верзија на неколку страници до актуелни или потенцијални клиенти, а малиот тираж влијае на денешната популарност и високата цена која ја достигнуваат овие промотивни материјали на аукциите на кои се појавуваат.

Аукциската куќа откри дека купувачот бил Американец, но очекувано, сакал да остане анонимен.

Моделот 250 Europa бил претставен на Саемот во Париз во 1953 година, а покрај потписот на Pinin Farina и Vignale, може да се пофали со V12 мотор со 200 коњски сили и максимална брзина од 218 км/ч.

ni-cola-ferrari2
ni-cola-ferrari1

Exit full screenEnter Full screen

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди