Skip to content

Вести

Австралија е прва земја со специјални камери за ловење возачи кои користат телефон

Специјален софтвер ќе ги издвојува сомнителните фотографии, по што вработените за имплементација на системот ќе утврдат дали возачот користел телефон додека управувал со возилото, за што казната е 211 евра

02/12/2019

Користењето мобилен телефон за време на возењето е една од најчестите причини за сообраќајните несреќи, а неодговорноста на возачите од овој аспект е голем ризик за нив, но и останатите учесници во сообраќајот.

Австралиските власти први решија да се зафатат со посериозна контрола, воведувајќи специјални камери кои детектираат употреба на мобилни телефони зад волан и засега се употребуваат во државата Нов Јужен Велс.

Регионалните власти најавија дека активираат 45 подвижни камери кои содржат две леќи, едната ја забележува регистерската табличка, а другата фотографира одозгора по друга дијагонала, покривајќи го делот од кој се гледа возачот низ ветробранското стакло.

Специјален софтвер ќе ги издвојува сомнителните фотографии, по што вработените за имплементација на системот ќе утврдуваат дали возачот користел телефон додека управувал со возилото, за што казната е 211 евра за првиот ваков прекршок.

Австралија е прва земја во светот која започнува да се бори со неодговорните возачи со вештачка интелигенција, а одговорните тврдат дека користењето мобилен телефон зад волан е подеднакво опасно како и возењето во алкохолизирана состојба. Едно испитување во Германија покажало дека во оваа земја, секоја година по 500 возачи го губат животот во сообраќајни несреќи поради користење телефон.

Австралијците веќе направиле и тест-период на новиот систем на камери и со само две за шест месеци детектирале 100.000 случаи на користење мобилен или друг уред од страна на возачот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend