Slide
Slide

Вести

Авто-произведителите започнаа да склучуваат договори директно со производителите на чипови

Slide
Slide

"Многу од моите колеги - конкуренти може да ви потврдат дека немаме јасни податоци за тоа што ќе се случува во 2022 и 2023 година" - изјави Таварес.

10/12/2021

Според Карлос Таварес, кризата со недостигот на чиповите ја наруши соработката со добавувачите

Сега, автомобилските производители се обидуваат самостојно да ги решат проблемите во однос на залихите.

Според Карлос Таварес, извршниот директор на Stellantis групацијата, кризата со недостигот на полу-проводници ги наруши бизнис релациите помеѓу автомобилските производители и нивните најголеми директни добавувачи бидејќи тие не успеаја да обезбедат непречена достава на компоненти за своите клиенти. 

“Автомобилските производители немаат јасна слика за нивоата на чипови кои ќе им бидат на располагање и во следните две години, па затоа бараат и наоѓаат нови начини за самите да ги решат своите проблеми” – изјави Таварес.

Ние, односно автомобилската индустрија очекувавме да бидеме заштитени од страна на нашите најголеми директни добавувачи – додаде тој за време на средба со новинарите во Детроит. “Нашата дискусија со добавувачите сега го вклучува следното прашање: што ќе направите вие за вакво нешто да не се повтори во иднина?”

По безмалку едногодишните обиди да се обезбеди залиха на потребните и неопходни полу-проводници, Stellantis во вторникот објави меморандум за соработка со Hon Hai Technology Group, фирмата сопственик на Foxconn, за производство на нова генерација на автомобилски чипови. Foxconn е познат во јавноста како најголем добавувач на Apple и произведувач на iPhone, нивниот најпопуларен производ.

Со ваквиот потег, Stellantis ги става на страна своите добавувачи и склучува директен договор со производителот на чипови. Таварес нагласи дека само преку имплементација на овој договор ќе бидат обезбедени над 80% од потребните чипови за сите брендови на групацијата.

Инаку, во рамките на Stellantis групацијата спаѓаат 14 брендови, помеѓу кои и Citroën, Opel, Peugeot, Fiat и Jeep.

Недостигот на чипови ја зафати автоиндустријата, предизвикувајќи времени затворања на некои фабрики. 

Од друга страна, производителите мораа да приоретизираат производство на одредени попрофитабилни модели, на сметка на останатите. Според Stellantis, групацијата предвидува дека како резултат на кризата, годинава очекува да произведе дури 1.4 милиони возила помалку од планираното.

“Многу од моите колеги – конкуренти може да ви потврдат дека немаме јасни податоци за тоа што ќе се случува во 2022 и 2023 година” – додаде Таварес.

Ограничувањата заради недостигот на полупроводници ја натера групацијата да бара нови решенија. Прелиминарниот договор со Foxconn предвидува првите чипови да бидат подготвени за вградување во автомобилите во 2024 година, со што сигурно ќе се стабилизираат залихите и производството.

Во меѓувреме, според Таварес, довербата на групацијата кон најголемите директни добавувачи е значително намалена и не е јасно дали некогаш таа ќе се обнови.

“Работите ќе бидат појасни за неколку месеци. Многу работи ќе зависат од тоа каква извесност ќе ни понудат добавувачите во однос на залихите во 2022 и 2023 година.” – завршува тој.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1