Slider

Вести

Автомобилите на Volvo се безбедни за секое тело

Slider

Кога безбедносните инженери на компанијата работат да ги развијат најбезбедните можни автомобили, тие секогаш имаат за цел да ги направат нашите автомобили подеднакво безбедни за сите, женски или машки и се фокусираат на оние групи кои се најзагрозени

09/03/2020

Успехот на Volvo Cars е изграден врз традицијата и сознанијата добиени од различни реални искуства, а овој начин на размислување го продлабочува пристапот на компанијата кон безбедноста и е важна причина за лидерството на Volvo Cars во овој сегмент.

Кога безбедносните инженери на компанијата работат да ги развијат најбезбедните можни автомобили, тие секогаш имаат за цел да ги направат нашите автомобили подеднакво безбедни за сите, женски или машки и се фокусираат на оние групи кои се најзагрозени.

Ова не е толку очигледно како што звучи. Жените се во поголема опасност да бидат повредени во сообраќајни незгоди. Ова се должи на вродените разлики во анатомијата и силата, но исто така и затоа што машките историски – како и во многу други области – биле норма во безбедноста при незгоди, како што може да се види од мнозинството на кукли за тестирање на незгоди. Но, не кај Volvo Cars.

Благодарение на истражувањата за безбедноста направени во текот на половина век, а засновани на незгоди во реалниот свет, Volvo Cars успеа да идентификуваат какви повреди се појавуваат при различни незгоди кај мажите, жените и децата и го пренесе оваа знаење во својот безбедносен инженеринг.

Компанијата исто така ги споделува своите знаења и увид со другите и има долга историја на тесна соработка со владите, регулаторите и другите истражувачи, со цел да го направи сообраќајот побезбеден за сите.

„Знаеме дека треба да се земат во предвид полот, возраста, големината и обликот за да се заштити секое тело“, рече проф. Лота Јакобсон, една од најискусните експерти за безбедност на Volvo Cars. „Затоа се трудиме да ги разбереме основните причини и да го искористиме тоа знаење за да развиеме безбедност во нашите автомобили, докажано со многуте иновации во текот на годините, што помагаат да ги задржат мажите и жените побезбедни во Volvo автомобилите“.

Во 1970 година, формиран е тим за истражување на сообраќајните незгоди во Volvo. Оттогаш, тимот собра и анализира податоци од повеќе од 40.000 автомобили и 70.000 патници. Ова доведе до многу иновативни системи во Volvo автомобилите денес. Иновациите како што се системот за заштита од повреда на вратните пршлени (WHIP), системот за заштита од страничен удар (SIPS) и воздушните завеси опишани подолу:

• Жените генерално се изложени на поголем ризик за повреда на вратот од мажите, главно заради разликите во анатомијата. Но, не во седиштето на Volvo, благодарение на Системот за заштита од повреда на вратните пршлени (WHIPS), кој комбинира робустен потпирач за глава со паметен дизајн на седиштата за да ги поддржува главата и грбот, заштитувајќи го вратот. Откако првично забележавме релативен поголем пад на повредите кај жените во Volvo автомобилите со WHIPS системот, технологијата сега обезбедува споредливи ризици од повреди на вратот кај мажите и жените и ги преполови долгорочните ризици за повреди, во споредба со претходните автомобили на Volvo.

• Жените се со поголема веројатност од мажите да претрпат повреда на градниот кош при сообраќајна незгода, поради разликите во јачината на скелетот. За оптимална заштита, Volvo Cars континуирано ја развива својата структура на автомобилите и воведе странични воздушни перничиња за да го минимизира влијанието врз патниците. Неговиот систем за заштита од страничен удар (SIPS) се потпира на интелигентна структура за зајакнување на целокупната безбедност. Всушност, заедно со воздушно перниче за заштита од страничен удар на телото, системот SIPS ги намалува тешките повреди на градниот кош за над 50% кај мажите и жените, во споредба со Volvo автомобилите пред воведувањето на SIPS системот.

• Жените исто така беа во фокусот кога ја развиваше воздушната завеса (IC). Разликите во висината помеѓу луѓето ја прават воздушната завеса (IC), што го покрива целиот прозорец витална безбедносна карактеристика, обезбедувајќи неопходна заштита на главата при страничен удар. Заедно со SIPS системот и со воздушно перниче за заштита од станичен удар на телото, воздушната завеса (IC) го намалува ризикот од сериозни повреди на главата за околу 75% во однос на Volvo автомобилите пред SIPS системот. Воздушната завеса (IC) беше првото воздушно перниче, што понуди подобрена заштита, за патниците на предните и на задните седишта.

• За да дознае повеќе за бремените жени во сообраќајни незгоди, Volvo Cars ја разви првата бремена кукла со просечна големина за тестирање на виртуелни незгоди. Компјутерскиот модел овозможува истражување за областите, како што се движењето на патниците и како безбедносниот ремен и воздушното перниче помагаат во заштитата на жената и фетусот.

Неодамна, податоците за истражување на Volvo Cars ја истакнаа релативната важност за заштита на лумбалниот ‘рбет, или долниот дел на грбот, кај сите луѓе, без оглед на полот и големината. Понатамошните анализи и истражување го натераа да се фокусира на комплексноста на сообраќајните незгоди со излетување од патиштата и на предизвиканите повреди при истите. Како резултат на технологијата, претставена прво во XC90 и сега во сите возила базирани на SPA, истата е апсорбер на енергијата во седиштата што оди подалеку од она што е регулаторно барање за производителите на автомобили.

Дознајте повеќе за пристапот на Volvo Cars кон безбедноста и споделувањето сознанија за побезбедни автомобили за секое тело: https://www.volvocars.com/intl/why-volvo/human-innovation/future-of-driving/safety/cars-safe-for-all.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider