Slide

Вести

Автомобилите во 2050 година: Без возачко седиште, со вграден душек и дигитална боја

Slide

„Дигиталните бои“ ќе им овозможат на сопствениците да си изберат боја со само една команда на апликацијата која ќе ја имаат во телефонот, а во поголемите возила ќе биде вклучен и вграден душек кој може да се активира за потребен одмор на подолги делници

17/02/2020

Трансформацијата на мобилноста каква што ја познаваме од последните децении во целосно нова фаза започна со процесот на електрификација.

Но, тоа е само почетна фаза, велат експертите, бидејќи иднината ќе биде одбележана со автономни возила кои ќе располагаат со се што имаме во домовите, потенцирајќи го комфорот и пристапот до нови технологии.

Компанијата „Ауто Трејдер“ која важи за најголема британска платформа за купување нови или користени автомобили направи експертиза и прогнозира како ќе изгледаат автомобилите во 2050 година. Во нејзиното креирање учествувал истакнатиот футуролог Том Чизрајт, а биле земени предвид и пазарните трендови и очекувањата на над 2.000 возачи.

Според истата, три децении подоцна, автомобилите ќе бидат со целосно електричен погон, во нив ќе има место не само за релаксирање, туку и за вежбање јога, па дури и преспивање, а ќе можат да ја менуваат бојата благодарение на дигитализацијата.

„Дигиталните бои“ ќе им овозможат на сопствениците да си изберат боја со само една команда на апликацијата која ќе ја имаат во телефонот, а во поголемите возила ќе биде вклучен и вграден душек кој може да се активира за потребен одмор на подолги делници.

Истражувањето направено на над 2.000 возачи покажало дека тие би сакале да имаат на располагање дигитална библиотека со книги, достапност на платформи како „Нетфликс“, како и повисок покрив за да можат полесно да се движат во автомобилот во кој и седиштата би имале многу поинаков концепт.

– Автомобилот на иднината ќе ве одвезе од точка А до точка Б без да испушта звук и со висок стил. Технологиите ќе им овозможат на дизајнерите да креираат кабина со поголем простор и комфор, за луѓето да можат да се чувствуваат како во својот дом, додека вештачка интелигенција ќе се грижи за возењето. Иако нашите автомобили нема да летаат во скоро време, сите можеме да имаме бенефит од почисти, потивки и побезбедни патишта. За само дванаесет години ерата на моторите со внатрешно согорување ќе биде завршена, – вели Чизрајт.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск