Slide

Стории

Автомобилски бестселери во Европа во првиот квартал од 2019

Slide

VW Golf е неприкосновен со 112.885 продадени возила во Европа во периодот јануари - март 2019 година.

06/06/2019

Првите три месеци во 2019 година донесоа благ пад на продажбата на нови автомобили во Европа, но тоа не го прави помалку интересен прегледот на она што се случуваше од јануари до март.

Во оваа специјална сторија ви откриваме кои модели се бестселери на брендовите чие лого носат, а бројките откриваат дека X1 барем овој квартал го заврши пред 3 Series во понудата на BMW, Compass ја надмина продажбата на Jeep Renegade, Sandero го победи Duster, Б сегментот е доминантен кај француските брендови, но и дека Tucson и Sportage се главни во понудата на корејските претставници.

За падот во однос на истиот квартал од минатата година да биде умерен, позитивно влијание има растот на SUV возилата кои сега имаат рекорден пазарен удел од 37%, што е 3.5 процентни поени повеќе од првиот квартал во 2018 година.

Иако со најголем раст во однос на другите сегменти, стапката на раст во SUV сегменот започнува да се стабилизира и намалува, па од 25% стапка на раст во Q1 2016 година, се намали на 22% во Q1 2017, за во Q1 2018 да падне на 20%.

Интересно е дека стапката на раст се намалува во исто време како што се зголемува понудата во сегментот. Имено, од 75 SUV модели во 2016, понудата се зголеми на 115 SUV модели во 2019 година. Но, стабилизирање на стапката на раст е вообичаена појава кога од година во година апсолутната бројка на продадени возила е се поголема.

Доколку се погледне детално во SUV сегментот, малите SUV возила го донесоа најголемиот раст. Ова е благодарение на извонредните резултати на Volkswagen T-Roc, кој стана најпродавано мало SUV возило во Европа.

VW Group забележа одлични резултати и со другите SUV модели, со што станаа групација со најголем пазарен удел во сегментот, позиција која ја преземаа од PSA и FCA.

Шведскиот премиум бренд Volvo е уште еден победник кога се во прашање резултатите во првите три месеци. Намалувањето на продажбата кај S90/V90 моделите и веќе застарениот V40 беше надополнета со позитивни резултати кај XC40 и V60 – најновите два модела на Volvo. XC40 ги надмина Mercedes GLA и Audi Q3, освојувајќи го второто место кај премиум компактните SUV модели, единствено зад BMW X1.

Во прилог споделуваме интересни интерактивни графици за најпродаваните модели во некои од најинтересните европски пазари:

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила