Slider

Стории

Автомобилски рецепт за еспресо: Fiat 500 добива 50 километри досег за 5 минути

Slider

Електричниот погон располага со 118 коњски сили, во секој момент се достапни 220 Nm, а забрзувањето до 100 км/ч на 1,44 тони тешкиот автомобил ќе трае 9 секунди

16/11/2020

Електричниот Fiat 500 се подготвува за својата комерцијална офанзива, најавена за првиот квартал на 2021 година, но автомобилските фанови со право се прашуваат, дали фактот што новата генерација ќе биде понудена само со електричен погон е премногу храбар потег на италијанскиот бренд?

Fiat 500 е модел кој со сегашната понуда доминира во А сегментот во многу земји, на пример важи за најпродаван модел во својот сегмент и во Германија, најголемиот европски пазар каде зад себе ги остава и домашните претставници, кои традиционално уживаат сериозна популарност меѓу германските купувачи.

Воопшто не изненадува што Fiat реши да одреди подолг период за промоција на електричниот 500, пред да започне класичната продажба, бидејќи трансформацијата на побарувачката зависи и од пакетот кој го нуди автомобилот, но и инфраструктурата која забрзано се подобрува во најразвиените земји кои се и главен таргет на третата генерација на „чинквино“.

Актуелните субвенции и бенефиции за купување електричен автомобил ќе ја направат и поисплатлива инвестицијата во електричен автомобил, кој потоа ќе ја оправдува истата, со помалите трошоци за одржување, но пред се и поради разликата на цените на класичните горива и електричната енергија.

Но, кои се другите адути на Nuova 500, како што го нарече Fiat својот многу важен модел?

Еден од главните секако е задржување на препознатливата уникатна форма и дизајнот кој доаѓа во трендовско издание, но без да заборави на традицијата, со што ќе продолжи да ја раскажува приказната чиј прв том беше објавен во 1957 година.

Во однос на практичноста, Fiat 500 гарантира над 300 километри со едно полнење, досег кој е повеќе од прифатлив и гарантира непречено извршување на активностите без секојдневна потреба од полнење, а возачот ќе може да избере и режим на возење со кој ќе го најави својот приоритет во однос на перформансите или економичноста.

Електричниот 500 располага со можност за брзо полнење до 85 kW, при што на брз полнач се стигнува до 80 проценти од капацитетот на батеријата за 35 минути. Она што сакаат да го слушнат европските купувачи, а посебно Италијанците е дека додека го пијат традиционалното еспресо за пет минути, нивниот Fiat 500 ќе добие дополнителни 50 километри автономија.

Nuova 500 веќе доби многу награди за дизајн, но нема да заостанува ниту со погонот, а никако со технологијата. На списокот поволности се полу-автономно возење, многу безбедносни системи и Uconnect инфо-забавниот систем од најновата петта генерација.

Ако и покрај другите квалитети, некому за овој урбан заводник му се важни и перформансите, тоа е територија на која електричниот 500 нема да разочара.

Електричниот погон располага со 118 коњски сили, во секој момент се достапни 220 Nm, а забрзувањето до 100 км/ч на 1,44 тони тешкиот автомобил ќе трае 9 секунди.

Пролетното освежување на автомобилскиот пазар ќе биде достапно како хечбек, кабриолет или 3+1 изведба, а електричниот Fiat 500 ветува дека ќе биде нераскинлив дел од урбаното секојдневие, нешто како еспресото во Италија.

Повеќе содржини за Fiat:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider