Slide

Стории

Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата

Slide

Во Елсмер Порт ќе се произведуваат електричните ванови Opel Combo Electric, Peugeot e-Partner, Citroen e-Berlingo и Fiat E-Doblo.

22/09/2023

Објавата на Владата на Обединетото Кралство дека ќе го одложи стартот на забраната за продажба на нови автомобили со бензински и дизел мотори, од предвидениот рок во 2030 година, за 2035 година.

Оваа одлука наиде на отпор од автопроизводителите, кои во изминатите години интензивно инвестираа милијарди фунти во електрификација, со оглед на фактот што мислеа дека по 2030 година нема да смеат да продаваат возила со мотори со внатрешно согорување.

Автопроизводителите кои имаат фабрики во Обединетото Кралство се Bentley, Mini и Rolls-Royce, Jaguar Land Rover, Nissan, Stellantis и Toyota. Американскиот гигант Ford, во Обединетото Кралство има фабрики за производство на делови.

Токму овој месец, групацијта Stellantis објави дека започнува производство на исклучиво електрични ванови во фабриката на Opel во Елсмер Порт, која според Stellantis е единствената фабрика на британско тло која произведува само електрични автомобили.

Иднината на фабриката беше доведена во неизвесност по напуштањето на Обединетото Кралство на Европската Унија, но Stellantis пред две години реши да инвестира во адаптација на фабриката за производство на електрични автомобили.

Но, дури и по објавата на Премиерот Риши Сунак за одложување на стартот на забраната за продажба на возила со мотори со внатрешно согорување, Stellantis останува на првичниот план за производство на електрични автомобили во Обединетото Кралство.

Во Елсмер Порт ќе се произведуваат електричните ванови Opel Combo Electric, Peugeot e-Partner, Citroen e-Berlingo и Fiat E-Doblo.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба