Slide 1

Вести

Aвтомобилскте проиводители ја забрзуваат електрификацијата, мотивирани од растот на нивната вредност на берзите

Slide 1

Производство на Audi Q4 e-tron во фабриката во Цвикау.

14/09/2021

Сè поголем е бројот на автомобилски производители кои јавно го објавуваат датумот по кој ќе престанат да произведуваат возила со мотори со внатрешно согорување. Помеѓу нив се GM, Ford, Audi, Mercedes, Fiat и Volkswagen. Но, кај сите производители, сепак, постои можност за ограничено производство на ваквите возила за пазари каде што не постои јасна перспектива за електрификацијата.

Според студија нарачана од страна на автомобилскиот добавувач Continental, дури 59 проценти од Германците не можат да замислат дека некогаш во иднина би купиле електрично возило. Од друга страна, сè повеќе автомобилски производители не гледаат перспектива во производството на возила со мотори со внатрешно согорување. Безмалку сите планираат да произведуваат само електрични автомобили веќе кон почетокот на следната декада.

Ваквите сигнали од страна на Volkswagen стануваат сè појасни. “Помеѓу 2033 и 2035 ќе го напуштиме производството на возила со мотори со внатрешно согорување во Европа” – ова е дел од постот кој неодамна на LinkedIn го објави членот на бордот на директори на брендот Volkswagen, Клаус Целмер. “Подоцна истото ќе се случи и во САД и Кина. Сепак, во Јужна Америка и Африка оваа транзиција ќе потрае” – завршува Целмер.

Извршниот директор на Audi, Маркус Дусман јасно декларираше дека неговиот бренд наскоро ќе се збогува со моторите со внатрешно согорување. Следните генерации на моделите А3, А4 и A6 нема да бидат произведувани со мотори со внатрешно согорување. Последното лансирање на нов модел на Audi со ваков мотор е планиран за 2026, неговиот циклус ќе трае до 2033, а по 2035 ниту една фабрика на Audi нема повеќе да произведува мотори со внатрешно согорување. Производителот од Инголштат планира и мало стеснување на портфолиото: нема да произведува модели под компакт класата, туку напротив, ќе се фокусира на поголеми и полуксузни модели.

Слична е ситуацијата и кај Mercedes. Според неодамнешното интервју на Извршниот директор Ола Калениус, големи се шансите производителот од Штутгарт да произведува само електрични возила дури и пред веќе најавениот термин.

Калениус во интервјуто изјавува дека планот за транзиција кон производство на електрични возила ќе биде награден од страна инвеститорите, што би требало да ја зголеми вредноста на компанијата на берзата. Основата за ваквата логика лежи во фактот дека Tesla има точно десет пати поголема вредност на берзата од Mercedes Benz. 

Италијанскиот производител Fiat веќе во 2030 година планира да престане со производство на автомобили со внатрешно согорување. “Помеѓу 2025 и 2030 година нашето портфолио постепено ќе се конвертира кон електрични автомобили” – изјави Извршниот директор на Fiat, Оливие Франкоа, за време настан по повод Светскиот ден на околината. Идејата е што побргу да се спроведе трназицијата кон електричните возила, со што ќе се искористи трендот на намалување на цените на батериите. Ова ќе значи големи промени во Fiat, со оглед на тоа што досега производителот има само еден комплетно електричен модел – 500e. Но, во однос на електрификацијата, Италијаните ќе имаат логистичка поддршка од Стелантис групацијата.

Од останатите брендови, тука е DS, чие раководство на почетокот на годината најави дека од 2024 година во понудата ќе има само 100% електрични модели. Истото ќе се случи и со понудата на брендот Mini, но нешто подоцна – во 2031 година. Една година претходно и шведскиот премиум производител Volvo планира да има комплетно електрично портфолио. “Наместо да инвестираме во бизнис кој се намалува, ние преферираме да инвестираме во иднината – електричи возила и онлајн купување” – објаснува Извршниот директор на Volvo, Хакан Самуелсон.

Според планот на JLR групацијата, веќе во 2025 година во понудата на Jaguar ќе има само електрични возила. Кај Land Rover овој процес ќе се одвива нешто поспоро, па во истиот период планирани се по еден електричен модел во секој од трите под-бренда – Range Rover, Discovery и Defender. 

Британците ќе лансираат шест електрични SUV модели и комплетно независна платформа за електрични возила наменета само за моделите на Jaguar. Актуелните генерации на моделите XF и XE во 2025 година ќе се приближат кон крајот на тековниот циклус, без најава за нивни дирекнти наследници со мотори со внатрешно согорување. 

Автомобилските производители посветуваат големо внимание на процесот на електрификација. Но, дел од нивното внимание е свртено кон производителот на електрични автомобили Tesla. И покрај тоа што годишното производство на американскиот производител е десетина пати помало од тоа на Volkswagen или Toyota, сепак, компанијата која ја предводи контроверзниот Илон Маск има далеку најголема вредност на берзата. Вредноста на Tesla на почетокот на годинава беше поголема од вкупната вредност на следните 5 најголеми автомобилски производители.

Вредноста на Tesla на берзата е поврзана со големите очекувања на инвеститорите од процесот на електрификација – кој се смета за иднината во индустријата. Големите и традиционални автомобилски производители не смеат да не бидат дел од таа иднина.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024