Slider

Новитети

Aznom Palladium – Неконвеционална луксузна хипер-лимузина

Slider

Aznom Palladium ќе биде произведен во само десет примероци, па веројатно и покрај неговиот бизарен концепт, ќе стигне до толку купувачи кои ќе бидат заинтересирани да одвојат шестцифрена сума

06/11/2020

Италијанската компанија Aznom го претстави својот навистина невообичаен модел кој го доби името Palladium, чија инспирација е луксузот на Rolls-Royce Phantom, a основа пик-апот Ram 1500.

Хипер-лимузината како што ја нарекуваат креаторите е долга речиси шест метри и тешка 2,6 тона, а на предниот дел се чувствува влијанието на Phantom, иако силуетата на автомобилот формира поробустен модел со теренски способности.

Aznom Palladium ќе биде произведен во само десет примероци, па веројатно и покрај неговиот бизарен концепт, ќе стигне до толку купувачи кои ќе бидат заинтересирани да одвојат шестцифрена сума.

Луксузот во ентериерот треба да ги привлече купувачите кои сакаат да бидат возени, а тие ќе уживаат во двобојниот ентериер, елементите од дрво и други квалитетни материјали, мини бар со фрижидер и многу други опции.

Во кокпитот возачот ќе располага со 22-инчен екран, а неговиот целосен изглед, како и тој на опкружувањето на задната клупа се оставени на изборот на купувачот.

Под поклопецот, Palladium ќе располага со 5.7-литарски V8 мотор со 710 коњски сили и вртежен момент од 950 Nm.

Компанијата Aznom е сопственост на 43-годишниот Италијанец, Марсело Мерегали, а досега биле фокусирана на кастимизација и тјунинг на други модели. Дизајнер е Алесандро Каморали од Studio Camal.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider