Slider

Вести

Bentley ги откри своите планови во процесот на електрификација

Slider

Првиот електричен модел на Bentley ќе биде претставен во 2025 година, за пет години подоцна целата гама на овој бренд да биде составена од модели на електричен погон

06/11/2020

Традицијата на Bentley обезбедува сериозен респект за производителот кој е дел од групацијата Volkswagen, a овој период е одбележан со одредување на неговата долгорочната стратегија.

Откако матичната групација реши да го стави Bentley под контрола на Audi, сега се објавени и плановите во процесот на електрификација.

Првиот електричен модел на Bentley ќе биде претставен во 2025 година, за пет години подоцна целата гама на овој бренд да биде составена од модели на електричен погон.

Како дел од претставувањето на стратегијата, Bentley уште еднаш го претстави концептот за електричен автомобил кој го доби името EXP 100 GT и кој располага со четири електрични мотори.

Ова се најавите на производителот кој официјално ги најави своите следни чекори, а во однос на електрификацијата тие ќе бидат првично поврзани со плаг-ин хибридите.

Веќе следната година се очекуваат уште двe PHEV изведби, кои ќе и се приклучат на Bentayga Hybrid, a една од нив ќе биде Flying Spur PHEV, кој ќе го користи погонот на Porsche Panamera 4 E-Hybrid.

Наредните неколку години, сите модели ќе добијат плаг-ин хибрид изведба, за меѓу 2026 и 2030 година да биде реализиран трансферот од PHEV на целосно електричен погон.

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider