Slider

Новитети

Bentley ги претстави деталите за темелното освежување на бестселерот Bentayga

Slider

Во иднина европските купувачи нема да можат да се одлучат за W12 моторот, а на почетокот на продажбата на фејслифтот ќе им биде достапен 4.0-литарскиот V8 мотор со 550 коњски сили

01/07/2020

Првиот SUV на Bentley кој го доби името Bentayga очекувано се претвори во бестселер на британскиот бренд, па дизајнерите и инженерите му овозможија повеќе од соодветен третман во подготовката на фејслифтот.

По над 20.000 продадени примероци на глобално ниво, Bentayga добива нов, свеж изглед, чија главна цел е да ги следи трендовите, но и да го усогласи дизајнерскиот израз со Continental GT и Flying Spur.

Bentley направи промена на маската која е поголема, го промени изгледот на куќиштето на светлата, спојлерот, а направи и други промени на екстериерот со кои Bentayga изгледа уште подинамично.

Во кокпитот е направена соодветна ревизија со задржување на луксузниот амбиент, купувачите добиваат нови поудобни седишта, нова верзија на инфо-забавниот систем која ќе биде претставена преку 10,9-инчен екран, додека патниците на задната клупа покрај повеќе простор за нозете, на располагање ќе имаат 5-инчни таблети.

Во иднина европските купувачи нема да можат да се одлучат за W12 моторот, а на почетокот на продажбата на фејслифтот ќе им биде достапен 4.0-литарскиот V8 мотор со 550 коњски сили.

Нешто подоцна, во понудата ќе биде вметната и плаг-ин хибрид изведба, како и Bentley Speed.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider