Slider

Вести

Bentley официјално го испрати Mulsanne во пензија

Slider

26/06/2020

Производството на Bentley Mulsanne официјално заврши, потврди британскиот бренд, па во иднина улогата на знаменосец ќе ја преземе моделот Flying Spur.

Иако овој потег Bentley го најави за пред неколку месеци, пандемијата привремено го продолжи животниот век на моделот, чие производство е комплетирано со 30 специјални примероци.

Mulsanne првпат беше претставен во 1980 година и тоа во комбинација со легендарниот V8 мотор со работна зафатнина од 6,75 литри и се произведуваше дванаесет години, за истото име да биде искористено за целосно новиот автомобил кој дебитираше во 2009 година.

Покрај Mulsanne Speed изведбата, во 2016 година Bentley последен пат го освежи класичниот Mulsanne, а сега заедно со знаменосецот, во пензија замина и 6.75-литарскиот мотор на оваа компанија, кој беше присутен во индустријата повеќе од 60 години.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider