Новитети
Bentley претстави спортски изведби на Continental GT и GTC со 4-литарски V8 битурбо мотор со 550 hp и 770 Nm
Спортскиот издувен систем, кој ќе биде вклучен во серија кај GT S и GTC S, ќе се погрижи овој мотор да звучи уште постпортски.
Фокусот на новите S-изведби на Continental GT и GTC е зголемено задоволство при возењето.
Bentley најави лансирање на S верзии на Continental гамата. Буквата “S” означува спортска изведба, што во основа значи и поголемо задоволство за оние зад воланот.
Но, оние кои очекуваа серија на нападни спортски спојлери, треба да имаат предвид дека умереноста е една од главните карактеристики на Британците.
Сѐ на сѐ, новата спортска S изведба е достапна само кај моделите со 8 цилиндри на Continental со две врати, а четирилитарскиот V8 битурбо мотор со 550 hp и 770 Nm е непроменет.
Спортскиот издувен систем, кој ќе биде вклучен во серија кај GT S и GTC S, ќе се погрижи овој мотор да звучи уште постпортски.
Во однос на екстериерот, спортскиот карактер се истакнува преку предните и задни светла, кои се поставени во темна рамка, како и декоративните елементи во црна боја.




Опционалните 22-инчни тркала со црни бандажи, во комбинација со црвените шепи на сопирачките, го нагласуваат спортскиот дух на моделот. Освен овие, достапни ќе бидат и 21-инчни тркала.
Амблеми со симболот “S” се поставени на каросеријата во пределот на предните крила, додека забележливи се и четирите издуви (во црна боја).
Спортскиот карактер на “S” изведбите се манифестира и во ентериерот преку двобојни (црвено-црни) комбинации.
Управувачот, рачката од менувачот, делови од седиштата и наслонот за раце се обложени со Dinamica (синтетичка кожа).
Вистинска кожа може да се забележи во дел од седиштата, внатрешните облоги на вратите, околку инструмент таблата, како и околу централната конзола, додека на наслоните за главата е поставен симболот “S”.

И дизајнот на параметрите кои се прикажуваат на инструмент таблата е адаптиран со цел да се вклопи во спортскиот ентериер на изведбите.
Производителот сѐ уште не објавува колку овие спортски изведби ќе ги чинат заинтересираните купувачи.