Slide

Новитети

Bentley се пофали со најбрзиот модел во својата историја

Slide

24/03/2021

Новата Speed изведба на спортскиот Bentley Continental GT пристигнува во најдинамично издание досега, а британскиот бренд го најави и како најбрзото Bentley во историјата на марката.

Continental GT Speed располага со познатиот, но ревидиран 6.0-литарски W12 мотор, кој со себе носи 659 коњски сили и вртежен момент од 900 Nm.

Дел од погонската единица е и 8-степена трансмисија со двојна спојка, што според производителот дополнително влијае на позитивен начин врз нагласување на потенцијалот на Speed.

Bentley се погрижи овој спортист да добие 22-инчни тркала, карбон-керамички сопирачки, адаптивна суспензија, електронски заден диференцијал и систем за деактивација на цилиндрите.

Во однос на перформансите, максимална брзина на Bentley Continental GT Speed изнесува 335 км/ч, а автомобилот стигнува од 0 до 100 км/ч за 3,6 секунди.

Повеќе содржини за спортски автомобили:

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба