Slide

Стории

Bentley смета дека дури во 2025 технологијата за електрични возила ќе биде соодветна за нивните клиенти

Slide

Bentley, кој е во комплетна сопственост на Volkswagen Group, објави дека инвестицијата ќе биде финансирана самостојно од профитот на компанијата. Токму профитот се очекува да биде најголем досега во историјата, со оглед на рекордните 14,659 продадени возила во 2021.

28/01/2022

Bentley ќе лансира пет електрични модели до 2030 година, при што ќе престане да произведува автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Луксузниот британски прозиводител во рамките на WV Group, планира голема офанзива, преку лансирање на 5 комплетно електрични модели во период од 5 години. Оваа офанзива се очекува да стартува во 2025 година.

Првиот комплетно електричен модел ќе биде претставен кон крајот на 2025, а ќе креира нова, петта линија на возила. Ова вчера го потврди Адриан Холмарк, извршниот директор на Bentley.

Новиот модел ќе “креира и дефинира нов сегмент”, изјави тој без да открива многу детали. “Нашиот електричен модел ќе ги промени правилата на играта во индустријата”.

Најверојатно Bentley ќе ја започне електрификацијата со SUV моделот Bentayga. Производителот во моментов ги произведува и моделите Flying Spur (седан), Continental GT (купе) и Continental GT (кабриолет).

Менаџментот на Bentley сподели податок во врска со инвестиција вредна 2,36 милијарди долари во следните 10 години, со која ќе се финансира електрификацијaта на брендот. Инвестицијата вклучува изградба на нова фабрика во близина на седиштето во Кру, Англија, во која би се произведувал првиот електричен модел на брендот.

Новиот производствен погон ќе користи автономно управувани возила кои ќе ги движат каросериите низ фабриката за разлика од производствените ленти кои се употребуваат денес. Ова го најави Питер Бош, директорот на производство на Bentley. “Тоа ќе ни овозможи огромна флексибилност во однос на волуменот” додаде тој.

Користењето на автономно управувани возила во фабриките е применливо кај производителите на мал број на возила, бидејќи овозможува помали инвестиции споредено со имплементирање на традиционалната производствена лента.

Bentley, кој е во комплетна сопственост на Volkswagen Group, објави дека инвестицијата ќе биде финансирана самостојно од профитот на компанијата. Токму профитот се очекува да биде најголем досега во историјата, со оглед на рекордните 14,659 продадени возила во 2021. Производителот во март ќе ги објави финансиските резултати за минатата година.

Инвестицијата ќе треба да ги покрие трошоците за комплентиот развој на новите модели, нивното производство, вклучувајќи ги тука и трошоците за транзицијата кон модели кај кои ќе доминира софтверот и автономното управување. 

“Имаме голем предизвик пред нас”, изјави Јан-Хенрик Лафренц, главниот финансиски директор на Bentley, кој не планира да аплицира за владина помош во процесот на транзицијата.

Ултра-луксузните производители побавно се движат кон електрификацијата. Во повеќе наврати нивни претставници нагласуваат дека денешната технологија која се вградува во електричните модели не е доволно развиена за да ги задоволи барањата на нивните клиенти. 

Алан Фавеј, директорот на продажба, во однос на ова потенцира дека “2025 година е доволно далеку за да имаме доволно време за развој, по што ќе можеме да им понудиме вистинско луксузно доживување на нашите клиенти”.

Првиот комплетно електричен модел во ултра-луксузниот сегмент се очекува да пристигне во 2023, и тоа токму од британскиот конкурент Rolls-Royce. Моделот Spectre coupe се планира да биде лансиран во 2023, односно дури две години пред првиот електричен модел на Bentley. 

Понатаму, лансирањето на првиот електричен модел на Ferrari е најавено за 2025, додека во случајот на Lamborghini, тоа ќе се случи дури кон крајот на декадава.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба