Slide 1

Вести

Bentley стигна до 200.000 произведени луксузни автомобили

Slide 1

26/03/2021

Британскиот производител на луксузни автомобили, Bentley, го одбележа производството на 200.000 примероци во својата историја.

Брендот кој постои од 1919 година ја помина границата од 200.000 произведени автомобили, а јубилејниот примерок бил Bentayga Hybrid, кој и најдобро ги покажува промените во приоритетите на возачите.

Производството во фабриката во Кру е вистинска гордост на Bentley, на оваа локација се одвивала рачната изработка на дури 75 проценти од целата продукција, а јубилејниот примерок бил фотографиран со најстариот примерок на легендарниот EXP 2.

Модерната ера на Bentley покрај Bentayga, ја симболизира и луксузниот спортист Continental GT, a денеска британскиот бренд произведува по 85 автомобили дневно, бројка која пред десетина години се изработувала за еден месец.

Bentley издвојува дека дури 84 проценти од произведените автомобили, продадени на британскиот пазар, се уште се во возна состојба, а инвестициите во фабриката во Кру овозможиле од 2003 година наваму производителот да стигне од 44.418 до 200.000 испорачани автомобили.

Continental GT останува најуспешен модел со над 80.000 продадени примероци, продадени се над 40.000 примероци на Flying Spur, додека Bentayga веќе ја надмина бројката од 25.000 и се очекува во иднина да биде бестселер на брендот.

Повеќе содржини за спортски модели:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla
Фејслифтот на Citroën C3 Aircross кој брендот го најави во февруари, пристигна во салонот на Citroën во Скопје