Slide

Вести

Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје

Slide

Кај хибридот, бензинскиот мотор со четири цилиндри во комбинација со електричниот мотор со сила од 81 kW од добавувачот Aisin ветуваат многу.

15/08/2022

Повеќе децении Citroën важеше за реномиран производител на модели од Д сегментот. Лимузините како DS, CX и XM беа своевидна алтернатива за германските премиум брендови на домашниот француски пазар.

Затоа, не е чудно што пет години по престанувањето на производството на C5, Французите повторно го актуелизираат Д сегментот.

Името е слично на она на моделот CX од седумдесеттите години на минатиот век. Тој модел беше познат по големиот простор и несекојдневниот комфор.

Сега, неколку децении подоцна, Citroën е дел од голема групација, па новиот модел е поствавен на EMP2 платформата развиена од некогашната PSA Group која пред две години прерасна во Stellantis.

Во ентериерот се забележува идејата на дизајнерите да креираат различни визуелни детали за големиот Citroën. Кабината на C5 X изгледа многу рафинирано, со материјали со висок квалитет. Таа е просторна и нуди комфор и за патниците на задната клупа.

Што се однесува до ергономијата, тука очекувано се забележуваат сличности со моделите на Citroën, DS и Peugeot.

Менувачот за брзините сега е претворен во мал слајдер поставен на централната конзола.

Специфика кај C5 X е што бројот на физичките копчиња под екранот на централната конзола е намален на две.

Но, нашите очекувања се големи од возните перформанси на моделот.

Во салонот на Avtonova се пристигнати изведби со бензински мотори (со 130 или 180 hp) како и хибридната изведба со системска сила од 224 hp. 

Кај хибридот, бензинскиот мотор со четири цилиндри во комбинација со електричниот мотор со сила од 81 kW од добавувачот Aisin ветуваат многу.

Батеријата со капацитет од 12.4 kWh овозможува електрична автономија од над 50 километри според WLTP стандардот.

Кај нас бензинските изведби доаѓаат во дури 4 нивоа на опрема, додека хибридната изведба може да се конфигурира во Feel Pack, Shine и Shine Pack нивото на опременост.

Во сите три пакети кај хибридните изведби без дополнителна доплата е вклучен полнач со капацитет од 3.7 kW.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан