Slider

Вести

Бил Мари ужива во „Денот на мрмотот“ поради Jeep Gladiator (Видео)

Slider

за разлика од оригиналното сценарио, Мари во случајов е возбуден поради искуството зад волан во новиот пик-ап Gladiator и утринското будење го дочекува со возбуда поради новата авантура која го очекува

03/02/2020

Креативците кои требаше да подготват специјална видео реклама за Jeep Gladiator наменета за телевизискиот пренос на „Супер Боул“ натпреварот, одлично го искористија фактот што оваа година одигрувањето на мечот се поклопи со денот во годината кој е познат како „Ден на мрмотот“.

Следен чекор бил ангажирањето на познатиот холивудски актер Бил Мари и реинтерпретација на неговата улога во филмот од 1993 година кој го носи името „Ден на мрмотот“. Во него, на главниот јунак Фил Конорс му се повторува истиот ден со сите детали се додека со одредени свои постапки не се избори за посакуваните промени и го избегнува временскиот вртлог во кој е заглавен.

Но, за разлика од оригиналното сценарио, Мари во случајов е возбуден поради искуството зад волан во новиот пик-ап Gladiator и утринското будење го дочекува со возбуда поради новата авантура која го очекува и дружењето со својот нов пријател.

Повеќе зa Jeep Gladiator прочитајте тука

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider