Вести

Бирман: Hyundai N е подготвен да понуди ривал и за Porsche

Hyundai ја започна приказната со N изведбата на Hyundai i30, во моментов работи на повеќе различни проекти, а во своето последно интервју, Бирман вели дека не постојат лимити во однос на сегментите и моделите кои Корејците можат да ги понудат во иднина

10/01/2020

Алберт Бирман беше назначен за прв човек новоформираната N дивизија на Hyundai во 2015 година, а четири години подоцна германскиот инженер не го крие задоволството од првите чекори.

Корејците решија да активираат оддел кој ќе се грижи за спортските изведби на брендот, а веројатно и не можеа да најдат посоодветна солуција од Бирман, кој во авто-индустријата се наметна со успешните проекти како предводник на BMW M дивизијата.

Hyundai ја започна приказната со N изведбата на Hyundai i30, во моментов работи на повеќе различни проекти, а во своето последно интервју, Бирман вели дека не постојат лимити во однос на сегментите и моделите кои Корејците можат да ги понудат во иднина.

– Единственото нешто за што во моментов жалам е што не го започнавме овој проект пред 20 години. Којзнае каде ќе бевме сега, но токму иднината е највозбудливиот дел на N брендот, во моментов сме само на почетокот од приказната, – вели Бирман.

– N брендот во наредните пет години ќе расте многу побрзо од она што се случуваше во првите пет, во план имаме многу проекти. Дел од изведбите ќе бидат наменети само за најголемите спортски ентузијасти.

– Пред неколку месеци ми кажаа дека N изведбата учествувала со 28 проценти во целата продажба на Hyundai i30 во Германија. Бев шокиран, посебно ако знаеме какви беа предвидувањата, тоа се бројки кои никој во Hyundai не ги очекуваше и сигурен сум дека се доволен доказ за успехот на N дивизијата, – посочува Германецот.

Тој вели дека неговиот тим нема посебни лимити, па во иднина може да се ангажира дури и на модел кој би бил ривал на Porsche Cayman.

– Не постојат финансиски лимити за иднината во однос на нашите N модели. Ако сметам дека е вистинско време да креираме модел со централно поставен мотор кој ќе му конкурира на Porsche, ќе го направиме. Можеби погонската единица ќе биде различна од таа на Porsche, но филозофски не постојат граници, – истакнува Бирман.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider