Slide

Вести

Black Badge Wraith Black Arrow е последниот модел со V-12 мотор произведен од страна на Rolls-Royce  

Slide

Ограниченото производство на овој модел со V-12 мотор веќе е распродадена, според известувањето на Rolls-Royce од минатата седмица.

27/03/2023

Автомобилската индустрија во Европа е во ек на голема транзиција кон електрични возила, но Ferrari, еден од малкутемина производители во супер-луксузниот сегмент, не планира да се откаже од својот најмоќен мотор, познатиот V-12.

За разлика од конкурентите кои, под притисокот од ЕУ регулативата, постепено ги напуштаат V-12 моторите, италијанскиот производител Ferrari најавува дека ќе ги произведува овие мотори сѐ додека е тоа возможно.

“Ќе инвестираме во овие мотори сѐ додека тоа е возможно”, изјави Пјетро Вирголин, маркетинг менаџерот на Ferrari.

Заложбата на Ferrari за V-12 моторите е спротивна на трендот кој го наметнаа неколкуте конкуренти во овој мал сегмент, поради притисокот за намалување на Co2 емисиите.

На пример, Rolls-Royce Black Badge Wraith Black Arrow ќе биде последнoто V-12 купе на брендот во рамки на BMW Group. Имено, луксузниот бренд во рамки на групацијата ја следи стратегијата за комплетна електрификација.

Ограниченото производство на овој модел со V-12 мотор веќе е распродадена, според известувањето на Rolls-Royce од минатата седмица.

Како што веќе објавивме, истите мотори ги напушти и BMW минатата година.

Слична е ситуацијата и кај Bently, од каде најавија дека следната година ќе го дисконтинуираат производството на 6-литарскиот V-12 мотор, на патот кон електричната трансформација на брендот.

Адриан Холмарк, извршниот директор на брендот изјави дека “Патот кон електрификацијата истовремено значи и крај на ерата на овие легендарни мотори”.

За разлика од нив, италијанскиот ривал Ferrari најави електричен модел кој треба да биде подготвен во 2025, но не најави планови за комплетна електрификација на брендот.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година