Slide

Вести

Блуме: Продажните бројки не се најважен фактор за Porsche

Slide

27/01/2021

Ако некој автомобилски бренд може да се пофали со профитабилноста на својата гама, односно заработката од секој продаден автомобил, тогаш тоа е Porsche.

Германскиот производител и во сериозно комплицираната 2020 година имаше минимално намалување на продажбата, а неговиот предводник, Оливер Блуме, вели дека овие бројки не се најважен приоритет.

– Продажните бројки не се најважниот елемент, но не е тешко да се претпостави дека во еден момент ќе продаваме повеќе од 300.000 автомобили годишно.

– Без коронавирусот, веројатно тоа ќе успеевме да го направиме и во 2020 година, но истовремено имаме одредено лимит. Porsche отсекогаш имал глобален пазарен удел од 0,3% и ќе се обидеме тоа да го задржиме и во иднина, – вели Блуме, зборувајќи и за претходната година, во која Porsche испорача 272.000 примероци.

– Наша главна цел е профитабилноста, а 15 проценти е нешто кон што се стремиме и кое не можевме да го оствариме за време на последната криза, – дополнува Блуме.

Повеќе содржини за Porsche:

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан