Slide
Slide

Вести

BMW, Daimler и Volvo го откажаа учеството со физичко присуство на CES

Slide
Slide

Според планот, Waymo планираше презентација на новиот модел Cascadia. Овој камион, кој е развиен во соработка со Daimler Trucks, е обид на Waymo да навлезе во сегментот на автономно управувани камиони.

04/01/2022

Неколку автомобилски производители, нивните добавувачи и голем број на технолошки компании само виртуелно ќе учествуваат на настанот, преку онлајн презентации.

Организаторите на глобалниот технолошки настан CES ќе го затворат настанот еден ден порано од предвиденото, поради откажувањето на учесниците како што се BMW, Daimler и Waymo, кои го откажаа своето учество со физичко присуство на настанот во Лас Вегас, поради загриженост од омикрон сојот на Ковид 19.

Шоуто стартува на 5. јануари, а планирани се над 2,200 учесници. Голем број од презентациите ќе бидат онлајн, а настанот ќе заврши на 7. јануари.

Од BMW изјавија дека ги поместуваат сите планирани медиски активности кон комплетно дигитална програма, која во живо ќе биде пренесувана од Германија.

Од Daimler, пак, изјавија дека по интензивни консултации решиле да го откажат учеството со физичко присуство на настанот.

Мери Бара, извршниот директор на GM требаше да одржи говор, а во исто време компанијата за првпат да го претстави електричниот пикап Silverado. Бара, сепак, ќе го одржи говорот, но онлајн.

Waymo, сестринската компанија на Google која развива технологија за автономно управување на автомобилите, исто така, објави дека нема да учествува на шоуто. И нивниот извршен директор требаше да одржи говор на 5. јануари.

Според планот, Waymo планираше презентација на новиот модел Cascadia. Овој камион, кој е развиен во соработка со Daimler Trucks, е обид на Waymo да навлезе во сегментот на автономно управувани камиони.

Помеѓу останатите компании кои го откажаа присуството на CES се и Volvo, Robert Bosch, ZF, Magna International и Mobileye.

Организаторите на CES објавија дека посветуваат големо внимание на здравствените протоколи, наложуваат потврди за вакцини, носење на маски и планирано е да се спроведуваат тестови за Ковид-19.

“Го скусуваме шоуто на три дена, а од друга страна спроведовме сеопфатни здравствени мерки за да ги осигураме здравјето и безбедноста на учесниците и посетителите”, изјавија претставниците на организаторот.

Минатиот јануари овој настан се одржа виртуелно, а овогодишниот настан требаше да го означи враќањето на технолошките настани со физичко присуство.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1