Slider

Стории

BMW е германски лидер на електрифицираниот дел од автомобилскиот пазар

Slider

Сметајќи ги електричните и плаг-ин хибрид изведбите, BMW има 21 процент од целиот германски пазар, а зад баварскиот гигант следуваат Tesla so 10% и Volkswagen, Renault и Mercedes со по 9%

29/01/2020

Сериозното надополнување на својата понуда пред се со плаг-ин хибрид изведби, му овозможи на BMW да ја заврши 2019 година како број еден бренд во Германија во продажбата на електрифицирани примероци.

Сметајќи ги електричните и плаг-ин хибрид изведбите, BMW има 21 процент од целиот германски пазар, а зад баварскиот гигант следуваат Tesla so 10% и Volkswagen, Renault и Mercedes со по 9%.

Пазарен удел во Германија (BEV+PHEV)

1 BMW 21%
2 Tesla 10%
3 Mercedes 9%
4 Volkswagen 9%
5 Renault 9%
6 Mitsubishi 7%
7 Smart 7%
8 Hyundai 6%
9 Audi 5%
10 Kia 3%
11 Mini 3%
12 Porsche 3%
13 Nissan 3%
14 Volvo 3%

На европско ниво, BMW е на солидната втора позиција со 14 проценти од пазарниот удел, додека очекувано води Tesla so 20 проценти од сите продадени електрифицирани автомобили. Подалеку од нив се Renault so 8% и Volkswagen so 7% од пазарниот удел.

Пазарен удел во Европа (BEV+PHEV)

1 Tesla 20%
2 BMW 14%
3 Renault 8%
4 Volkswagen 7%
5 Hyundai 6%
6 Mitsubishi 6%
7 Nissan 6%
8 Volvo 6%
9 Kia 5%
10 Audi 4%
11 Mercedes 3%
12 Smart 3%

На глобално ниво повторно води Tesla (20%), но и повторно BMW e при врвот, односно на третата позиција со 7 проценти од пазарниот удел, а помеѓу е кинески BYD кој стигнал до 10 проценти благодарение на резултатите на големиот домашен кинески пазар.

Пазарен удел на глобално ниво (BEV+PHEV)

1 Tesla 20%
2 BYD 10%
3 BMW 7%
4 Beijing 4%
5 Hyundai 4%
6 Nissan 4%
7 Volkswagen 4%
8 Kia 3%
9 Renault 3%
10 Roewe 3%

Ако се направи пресек по модели меѓу EV компактните модели на светско ниво, лидер е Nissan Leaf со 22% од продажбата, следува Renault Zoe со 20%, по што на третото место е BMW i3 со 17 проценти и прв меѓу премиум претставниците.

Електрични компактни модели со најголем удел на глобално ниво

1 Nissan Leaf 22%
2 Renault Zoe 20%
3 BMW i3 17%
4 VW e-Golf 16%
5 Hyundai Ioniq 10%
6 Smart fortwo 5%
7 Chevrolet Bolt 4%
8 Kia Soul 3%

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider