Slider

Новитети

BMW го претстави електричниот iX3 со автономија од 460 километри

Slider

Моќноста на електричниот погон изнесува 286 коњски сили, а возачот во секој момент ќе може да смета на вртежен момент 0д 400 Nm

14/07/2020

Долго најавуваната електрична изведба на X3 од денеска е реалност, а BMW ги потврди деталите и техничките карактеристики за автомобилот кој ќе биде познат како iX3.

Електричниот кросовер ќе биде одлично надополнување на актуелната понуда на германскиот бренд и важен електрифициран модел во SUV сегментот кој привлекува се повеќе купувачи.

BMW iX3 ќе располага со 80 kWh батерија и автономија со едно полнење од 460 километри, а истовремено треба да се напомене дека автомобилот ќе располага со погон на задните тркала.

Моќноста на електричниот погон изнесува 286 коњски сили, а возачот во секој момент ќе може да смета на вртежен момент 0д 400 Nm.

Целосно новиот iX3 ќе поддржува полнење на брз полнач до 150 kW, што значи дека може да се добијат околу 100 километри автономија за десетина минути.

BMW очекувано се погрижи и за премиум амбиент и квалитетни материјали во кокпитот и кабината, а капацитетот на багажникот изнесува 510 литри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider