Slider

Новитети

BMW го претстави iX – својот иден технолошки знаменосец на електричен погон

Slider

Фактот што iX ќе биде технолошки знаменосец подразбира дека ќе ги добие последните технолошки иновации на германскиот производител во однос на безбедноста, инфо-забавниот систем , поврзувањето и електричниот погон

11/11/2020

Една година пред официјалната премиера, BMW денеска ја претстави речиси официјалната верзија на моделот iX, кој е најавен како иден знаменосец на електричната понудата на германскиот бренд.

Електричниот SUV ќе биде прв модел поставен на новата, специјално подготвена платформа, а ќе биде само втор модел на BMW (покрај се уште актуелниот i3) понуден само со електричен погон.

Баварскиот гигант вели дека димензиите на идниот iX ќе бидат слични на тие на актуелниот X5, но поради електричниот погон, просторноста во кабината може да се споредува и со поголемиот X7.

Ако се анализира изгледот на електричниот iX, BMW употребува досега најтенки предни светла на еден свој автомобил, а минималната потреба од ладење со воздух, овозможило под големите „бубрези“ да биде поставен таканаречниот „интелигентен панел“, на кој се наоѓаат сензори, камера и радар, потребни за функциите на автомобилот.

Фактот што iX ќе биде технолошки знаменосец подразбира дека ќе ги добие последните технолошки иновации на германскиот производител во однос на безбедноста, инфо-забавниот систем , поврзувањето и електричниот погон.

Најавената моќност на BMW iX со два електро мотора и погон на четири тркала е најмалку 500 коњски сили, забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе трае помалку од 5 секунди, додека автономијата со една батерија ќе стигне до 480 километри.

Батеријата ќе може да се полни на брз полнач со капацитет до 200 kW, со што за 40 минути може да се добијат 80 проценти од целосниот капацитет. На домашен ѕиден полнач (11 kW), процесот за целосно полнење ќе трае 11 часа.

Фотографиите откриваат дека ентериерот ќе биде луксузен, но и минималистички, со дигитална инструмент табла и голем централен екран, како и специфична шестаголна форма на воланот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider