Slide

Новитети

BMW го претстави концептот Neue Klasse, врз основа на кој ќе се развива електричната замена за 3 Series

Slide

За да ја постигне ценовната конкурентност, BMW планира новата платформа да овозможи 50% намалување на трошокот за батериите, како и 25% повеќе досег по киловат час.

04/09/2023

Името Neue Klasse не е непознато за луѓето во и околу авто индустријата. Имено, баварскиот премиум производител BMW веќе долго време го користи името “Neue Klasse” за реферирање на нова, револуционерна платформа, која ќе биде далеку понапредна од тековните на BMW, но и споредено со било кој конкурент во индустријата.

Самото име има врска со успехот на BMW. Имено, кон средината на минатиот век BMW беше засенето од VW Group, Mercedes-Benz како и американските гиганти кои беа присутни во Европа.

Тогаш, менаџментот на BMW вложи огромни напори во креирање на нов модел наречен “Neue Klasse”, што во превод од Германски значи “Нова Класа”.

Лансирана во 1962 година, под името BMW 1800, Neue Klasse беше водилка во реинкарнацијата на производителот, кој во следните децениии прерасна во еден од најуспешните во автомобилската индустрија.

BMW за време на автомобилското шоу во Минхен го претстави концептот за “Neue Klasse”, електричен автомобил во сегментот на BMW 3 Series, најпродаваниот модел на производителот.

Кај претставениот концепт очекувано беше забележлив панорамскиот хедап дисплеј проектиран на ветробранското стакло, функционалност која Баварците ја најавија пред половина година.

“Ние сакаме оваа моделска генерација да биде толку модерна, што ќе изгледа дека сме прескокнале цела една генерација”, изјави Адријан ван Хојдонк, главен дизајнер во BMW.

“Тоа беше неопходно поради сите нови играчи на пазарот. Свесни сте за дебатата која се одвива во моментов: Дали традиционалните производители кои се стари над 100 години може да го направат овој исчекор? Ние можеме и сакаме да го направиме”, продолжува Хојдонк.

BMW, иако беше еден од пионерите во лансирањето на електрични возила преку моделот i3, сепак, токму во моментов прави вистинска трансформациа кон комплетна електрификација.

Кога продукциската изведба на Neue Klasse ќе започне да излегува од производните ленти во 2025 година, ќе биде силен конкурент на сега доминантниот играч Tesla.

Но, интересно ќе биде да се следи конкурентската битка, со оглед на ценовните намалувања кои ги спроведува Tesla во обид за доминација на европскиот континент.

Но, Оливер Зипсе, извршниот директор на BMW уверува дека и тие ќе бидат конкурентни: “Ќе имаме конкурентни понуди. Нема да дозволиме високите цени да не истиснат од пазарот”.

За да ја постигне ценовната конкурентност, BMW планира новата платформа да овозможи 50% намалување на трошокот за батериите, како и 25% повеќе досег по киловат час.

За производство на моделот, BMW започна со реновирање на фабриката во Минхен, во близина на седиштето на компанијата. Таму ќе се произведуваат моделите поставени на Neue Klasse, кои во иднина ќе ги заменат моделите 3 Series како и кросоверите X3.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба