Вести
BMW го произведе последниот примерок на i8
Посебен специјалитет на BMW i8 беше и хибридниот погон, во кој беше вметнат 1.5-литарски бензински мотор и погон кој неколку години по ред беше прогласуван за интернационален мотор на годината во рамките на сегментот според зафатнината
Фабриката на BMW во Лајпциг беше локацијата каде изминатите шест години, германскиот бренд го произведуваше плаг-ин хибрид моделот i8.
Со последниот примерок во специјална сина боја и персонализација според изборот на купувачот, затворено е едно успешно поглавје, со кое BMW го најави својот сериозен влез во ерата на електрификација.
Дизајнерите и инженерите на BMW го искористија овој автомобил за да споделат дел од иновативните технологии кои помогнаа i8 да биде успешен и да се произведе во над 20.000 примероци.
Неговиот специфичен спортски дизајн беше поддржан од специјална алуминиумска шасија и употреба на јаглеродни влакна, па целата конструкција на i8 претставуваше еден вид предизвик за ривалите.
Посебен специјалитет на BMW i8 беше и хибридниот погон, во кој беше вметнат 1.5-литарски бензински мотор и погон кој неколку години по ред беше прогласуван за интернационален мотор на годината во рамките на сегментот според зафатнината.
Фабриката во Лајпциг го заокружи производството со последните 18 примероци кои биле автентично персонализирани во рамките на барањата на купувачите, со што е комплетирана успешната приказна на i8, кој сега остава простор за своите наследници во електрифицираната гама на BMW.