Slider

Новитети

BMW го прошири новото 4 Series семејство со кабриолет изведба

Slider

Специфичниот дизајн на новата „четворка“, со доминантни „бубрези“ му ја дава потребната агресивност на спортскиот кабриолет, кој од друга страна овозможува и посакувана просторност за патниците

30/09/2020

Кабриолет изведбите се поретки, но и натаму овозможуваат посебно уживање за возачот и неговите сопатници.

Авантуристичкиот дух добива силна мотивација кога ќе се соочи со автомобил како кабриолет изведбата на BMW4 Series, која германскиот бренд сега официјално ја промовираше со сите детали.

Специфичниот дизајн на новата „четворка“, со доминантни „бубрези“ му ја дава потребната агресивност на спортскиот кабриолет, кој од друга страна овозможува и посакувана просторност за патниците.

BMW го замени концептот со тврд покрив, со интегрирање на мек покрив за 4 Series Convertible, при што тој е 40 проценти полесен од тој на претходникот, додека истовремено се подобрени карактеристиките во однос на акустичната и термалната изолација. Процесот на отворање или затворање трае 18 секунди.

Зголемен е и капацитетот на багажникот, кој започнува со 300 литри кога покривот е спуштен, а доаѓа до 380 литри кога тој е активиран. Инженерите се погрижиле за идеална дистрибуција на тежината (50:50), а подобрена е и аеродинамиката и возните карактеристики преку модификација на одредени материјали и елементи на екстериерот.

Сите дизел мотори и моторите со шест цилиндри ќе добијат 48V технологија за подобрена економичност и перформанси на ниски вртежи, а најмоќната изведба ќе биде М440i xDrive, која ќе располага со 374 коњски сили (PS).

Распонот на моќност е меѓу 184 и 374 коњски сили, а кабриолет изведбата на „четворката“ ќе биде достапна од март следната година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider