Slider

Вести

BMW го започна производството на електричниот iX3

Slider

Новиот модел во понудата на BMW се произведува паралелно со X3, a фабриката овозможува квалитетен производствен процес во кој се работи по највисоки стандарди

05/10/2020

Електричниот iX3 влезе во сериско производство и првите примероци на ова BMW се произведени во фабриката на партнерската фирма Brilliance Automotive во Шенјанг, Кина.

Новиот модел во понудата на BMW се произведува паралелно со X3, a фабриката овозможува квалитетен производствен процес во кој се работи по највисоки стандарди и се прават голем број тестови, кои започнуваат со батеријата и завршуваат со целосно склопениот автомобил.

BMW потенцира дека при креирањето на секој примерок на iX3 се инсистира на врвна безбедност, поради што се прават 128 механички и 994 софтверски тестови преку кои се утврдува квалитетот на батеријата, а автомобилот е тестиран и за издржливост при различни услови на подлогата.

iX3 e само вториот електричен автомобил во историјата на BMW и прв кој од Кина ќе биде пласиран на пазарите на повеќе континенти.

Според техничката спецификација, iX3 ќе располага со моќност од 210 kW, вртежен момент од 400 Nm, а автономијата со едно полнење изнесува 460 километри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider